Движењето „За заедничка Македонија“ и вечерва протестираше во Охрид. Протестот и овој пат почна од плоштадот спроти охридската гимназија, по што учесниците продефилираа по улицата „Димитар Влахов“ и булеварот “Македонски Просветители“, од каде низ чаршијата се упатија на градскиот плоштад.– Тука сме 44 дена и нема да запреме, се со една порака – Отфрлете ја Tиранската платформа бидејќи нашата татковина Република Македонија ни е аманет од нашите предци. Суверена и унитарна Македонија. Ние имаме обврска како таква да им ја оставиме на нашите поколенија. Ние младите сакаме да живееме во заедничка Македонија, нема да дозволиме двојачичност и редефинирање на целата територија, порача во име на протестантите студентката Марија Трајковска.
Движењето „За Заедничка Македонија“ се противи на платформата на политичките партии на Албанците со која, според нив, се предвидува воведување двојазичност на територијата на целата држава и други законски измени што го загрозуваат унитарниот карактер на државата.– Тука сме 44 дена и нема да запреме, се со една порака – Отфрлете ја Tиранската платформа бидејќи нашата татковина Република Македониј