Вредноста на донацијата во опрема e над 200.000 денари. Со нејзиното инсталирање се овозможува заштеда на енергија и финасиски средства кои остануваат на располaгање на училиштетоСо нови модерни комбинирани бојлери и дополнителна техничка инсталација Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје ќе штети енергија и ќе овозможи подобри услови за своите штитеници. Новите комбинирани бојлери и техничката инсталација е донација на Снабдување со топлина Балкан енерџи, a вредноста на донинараната опрема e над 200.000 денари.
Комбинираните бојлери и дополнителната техничка инсталација овозможуват максимално искористување на енергија од централниот систем на топлинска енергија. На таков начин, оваа опрема овозможува да се остварат значителни заштеди во вкупната потрошувачка на енергија во училиштето, а средствата кои по оваа основа ќе ги заштеди училиштето ќе можат да ги пренасочи за задоволување на други потреби на своите штитеници. Комбинираните бојлери се од македонско производство, а ги изработи компанијата „Тинг Инокс“ од Кочани, по највисоките меѓународни стандарди за ваков вид опрема.
„Комбинираните бојлери кои ја користат толината на централниот систем за греење се новина кај нас и навистина ни е драго, што токму дечињата од ова училиште ќе имаат можност да ги почувствуваат бенeфитите. Пред сè, на овој начин ќе се заштедат средства за енергија, па училиштето ќе може да ги насочи за други намени, а тоа за децата ќе значи поквалитетно образование“, изјави Емилија Јакимовска Мишева, одговорна за односи со јавност во Снабдување со топлина Балкан енерџи.
Опремата е набавена и инсталирана откако претходно стучни лица од Снабдување со топлина Балкан енерџи направија проценка на потребите на училиштето и дадоа целосна стручна поддршка во инсталирање на опремата.
„Оваа донација од Снабдување со топлина Балкан енерџи се реализира во вистинско време. Таа значително придонесува за остварување на нашата основна мисија која се темели на обезбедување најквалитетни услови за престој и образование на децата и младинците со оштетен вид. Оттаму, оваа донација има посебно значење и вредност за нашата установа“, вели Горанчо Јакимов, директор на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“.
Државното училиштето за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ е единствено училиште од ваков вид во Македонија и во него се образуваат 50 ученици од целата држава. Во рамките на училиштето функционира и интернат кој обезбедува престој и постојана грижа за дел од учениците.
Со нови модерни комбинирани бојлери и дополнителна техничка инсталација Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштете



