Нашата држава од вкупно 6 натпреварувачи, се закити со 4 медали на ЕП, а споредено со другите земји учеснички како на пример, Русија и Турција кои на ЕП настапуваат со повеќе од 100 натпреварувачи, се закитуваат со 20 до 25 медали, настапот го категоризираме како успешен, вели во интервју за Радио Слободна Македонија, претседателот на Кик-бокс Федерацијата на Македонија, Дејан Митровски – Урко.-Речиси сте шест месеци претседател на Кик-бокс федерацијата на Македонија. Како сте задоволен од досегашната работа и остварените цели?
ДМ: Во првите 6 месеци од моето назначување за прв човек на КБФМ, начелно сум задоволен од досегашната работата, но сметам дека имам добар тим, енергија, желба, знаење кои ќе допринесат за подобрување на актуелните резултати и работата на федерацијата.
-Во неколку наврати најавивте дека една од приоритетните цели ќе биде подобрување на меѓуклупските и меѓутренерските области, додека во меѓувреме се одржаа неколку државни првенства во најразлични категории. Сметате ли дека има подобрување на тоа поле?
ДМ: Секако, најавата за подобрување на меѓу–клупските и меѓу–тренерските односи е веќе делумно реализирана. Велам делумно, бидејќи во иднина сум сигурен дека уште повеќе ќе ги зајакнеме овие односи, а доказ за тоа е реализацијата на двете Државни првенство кои се одржаа во Скопје и каде вкнупно на двете натпреварувања учеството зедоа над 250 натпреварувачи што досега во историјата на постоењето на кик боксот во Македонија се нема случено.
-По помалку од еден месец откако бевте именуван за претседател на кик-бокс федерацијата дојде и ЕП во Лутраки. Таму за жал Македонија не успеа да освои златен медал, но, дојде до четири одликувања вкупно. Како сте задоволни конкретно од настапот на нашите натпреварувачи и формата која што беше прикажана таму?
ДМ: Како одговор на вашето прашање ќе ја направам следната компарација: Нашата држава од вкупно 6 натпреварувачи, се закити со 4 медали на ЕП, а споредено со другите земји учеснички како на пример, Русија и Турција кои на ЕП настапуваат со повеќе од 100 натпреварувачи, се закитуваат со 20 до 25 медали, настапот го категоризираме како успешен. Голем хендикеп за нашиот национален тим е слабата финансиска ситуација на Кик бокс федерацијата која ни наложува да настапуваме со мал број на натпреварувачи – репрезентативци.Еве ова нека биде и мало потсетување до бизнис секторот дека кик бокс репрезентацијата може да ги оправда нивните финансиски инвестиции во вид на спонзорирање на нашиот национален тим.
-На фотографиите кои кружеа по интернет можеше да се забележи дека во Лутраки се одржаа неколку средби на претставниците на кик-бокс федерациите, меѓу кои бевте и вие. Дали тоа наговестува некакво здружување на федерациите од регионот, односно создавање на Балканска лига, слична на таа во боксот која започна од оваа година?
ДМ: WAKO – Светската асоцијација на кик боксинг организациите ја сочинуваат 126 нации од 5 континенти, од кои 95 се официјално признати од страна на нивните матични спортски или олимписки совети (комитети). Тоа говори за сериозноста и големината на оваа светска организација, во која нашата држава е рамноправна членка.На средбата на претседателите на кик боксинг федерациите на земјите учеснички на ЕП во Лутраки во Грција на која присуствував и јас, се разговараше за новините во правилата за судење на овие натпревари, како и за нивната организација; што претставува нормална процедура пред секое натпреварување од ваков карактер (европско или светско). Воедно, на средбата со потесното раководство на WAKO беше потврдено и одржувањето на Европското јуниорско и кадетско првенство во кик бокс во Македонија во Скопје од 2 до 10 септември 2017 година на кое ќе земат учество повеќе од 2000 натпреварувачи.По однос на прашањето за Балканската лига, да, во тек се подготовките за создавање најпрво на национална лига, а во иднина и реализација на Балканска лига која е планирана да започне од следната година.
-Кои се идните планови кои планирате да ги преземете како федерација за зголемување на интересот за овој спорт, и пред сè создавање на нови млади и квалитетни натпреварувачи?
ДМ: Има неколку работи кои би требало да ги реализираме а тоа е:Создавање и лиценцирање на нови судии,Лиценцирање на сите тренери од областа на овој спорт,Вклучување на поголем број на спортски работници кои ќе учествуваат во организацијата и работата на федерацијата, нивна едукација и понатамошно лиценцирање,Медиумско покривање на кик бокс настаните,Поттикнување за отворање на нови кик бокс клубови во градови и места каде што нема. Исто така поради претстојното ЕП на кое Македонија ќе биде земја домаќин, акцентот го ставаме на пронаоѓање и создавање на квалитетни јуниорски кадетски натпреварувачи и сериозна работа со нив.
-За прв пат во историјата на овој спорт во јули во Краков, Полска ќе се одржат и првите „Интернационални Светски Игри“. Дали Македонија ќе биде дел од тој настан и дали нашите најдобри кик боксери полека се подготвуваат за настапот тука.
ДМ: За жал, Македонија нема на настапи на првите интернационални светски игри оваа година во Краков, бидејќи предуслов за настап на овие игри се резултатите од претходното ЕП во К1 и правото да настапуваат освојувачите на 1,2,3 и 4 место и само прваците од сите континенти.
-Кој ќе биде фокусот на нашта федерација на меѓународен план, а доколку не е, тогаш кој ќе биде. На домашен план, до крајот на годината колку државни првенства се планираат и дали покрај нив, ќе има некои натпреварувања на кои се планираат борби со кик-боксери кои не се од Македонија.
ДМ: Според календарот на КБФМ до крајот на годината ќе се одржат уште 3 државни првенства од кои останатите три се распоредени до крајот на годината.Покрај натпреварите на домашен план и настапот на нашите натпреварувачи на многубројни меѓународни натпревари, годинава се планираат и професионални турнири во кик бокс и ММА во организација на нашата федерација. За времето, местото и датата на одржување на овие професионални натпревари на кои се планира да учествуваат и врвни европски и светски имиња од областа на кик боксот дополнително ќе ве информираме.
Во овие од финансиски аспект тешки моменти за Кик боксинг федерацијата како наоѓате средства за настап на сите натпревари?
ДМ: Покрај помошта што ја добиваме од Агенцијата за млади и спорт на РМ, Градот Скопје и МОК, како голема поддршка и помош ни се спонзорствата од големи пријатели и спонзори – кои несебично ни излегуваат во пресрет и финансиски ни потпомагаат во целост да ги реализираме сите настани и патувања на нашите натпреварувачи.-Речиси сте шест месеци претседател на Кик-бокс федерацијата на Македонија. Како сте задоволен од досегашната работа и остварените цели?
ДМ



