Собраниската конститутивна седница продлжува утре

И попладнево собраниската конститутивна седница продолжи со процедурални забелешки, реплики и контрареплики. Според ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е во тешка политичка состојба, речиси сите граѓани се на улица, бараат отфрлање на тиранската платформа и одржување предвремени парламентарни избори.– Колегите од СДСМ и нивната коалиција да ја преиспитаат одлуката за прифаќањето на антимакедонската платформа бидејќи со тоа нема да се помогне ни на Македонците, ни на Албанците, туку уште повеќе ќе се продлабочи кризата во Македонија. Затоа треба сите заедно трезвено да седнеме и да поразговараме за сите проблеми и отворени прашања кои ни претстојат, рече Трајчо Димков.
Според Лилјана Кузмановска, СДСМ постизборно излезе со платформа и изврши политичка измама. – Ова е политичка борба на македонскиот народ и се прави страшно сценарио во кое тој треба да се прогласи самиот за геноциден и да има двојазичнот под унитарна држава, укажа Кузмановска.
И Сашо Василевски оцени дека се работи за, како што нагласи, одлично смислен предизборен инженеринг. Праша дали во Македонија има Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ) и каде се академиците да се произнесат за овој сериозен и сензитивен момент во кој се наоѓа Македонија.
Претседавачот со седницата Трајко Вељаноски најави дека пратениците ќе ја продолжат расправата утре во 11 часот.– Колегите од СДСМ и нивната коалиција да ја преиспитаат одлуката за прифаќањето на антимакедонската платформа бидејќи со тоа нема да се

Пронајдете не на следниве мрежи: