ВМРО- ДПМНЕ: Народот нема да дозволи да биде измамен

Народот не прифаќа ниту тиранска платформа, ниту тиранска влада и не дозволува да биде измамен и криминалци да му ја раскрчмуваат државата. Затоа Заев и врхушката на СДСМ се во паника, порачува ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение до медиумите.– Не можат да ги испорачаат ветувањата со кои се уценети и знаат дека ќе мора кривично да одговараат и да одлежат подолги затворски казни. Сите ќе одговараат бидејќи народот бара правда и нема намера да се согласи со продажбата на највисоките државни и национални интереси. Народот победи и не се согласува со постизборна измама, криминалци да ја изиграат неговата волја, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Се нагласува дека СДСМ изгуби на изборите и покрај тоа што Заев, како што се посочува, со срамни ветувања доби поддршка од Сорос и нарко-мафијашките структури од подземјето.– Не можат да ги испорачаат ветувањата со кои се уценети и знаат дека ќе мора кривично да одговараат и да одлежат подолги затворски казни.&nb

Пронајдете не на следниве мрежи: