На повеќе локации во Скопје утрово се појавија интересни графити со порака „Младост без лудост“.Илустративни пораки, уметнички креации, графити…..станува збор за интересни примамливи сликовити пораки што одземаат внимение и будат интерес. Секој ги толкува и ги доживува на различен начин, но сите многу вешто ја откриваат главната порака.
Нови графити на повеќе локации во Скопје викендот го одземаа вниманието на скопјани.
Граѓаните делумно зачудени, но истовремено и заинтригирани. Кој е авторот на овие графити, која е пораката што се пренесува?
Несомнено станува збор за креативни творби кои се добро осмислени и кои имаат цел да го свртат вниманието на лубопитните минувачи. Граѓаните се љубопитни и нетрпеливи. Загатката не е докрај одгатната.
Бидејќи никој не е потпишан под самите графити не е јасно дали станува збор за герила акција, некое ново младински движење, ноќен клуб или пак станува збор за некоја комерцијална кампања во чии фокус се токму младите.
Дилемата е отворена. Останува да почекаме и „виновникот“ за овие графити да ја реши и да открие за што станува збор. Дали „Младост без лудост“ е новиот слоган на некоја кампања или станува збор за група млади луѓе кои само сакаат да ја изразат нивната младешка креативност преку овие графити.
На крајот се отвора прашањето: Што е младост без лудост? Кој е одговорот на оваа дилема?
До тогаш останува да нагодуваме. Можеби оние кои се подосетливи ќе откријат за што станува збор. Кој знае?
Илустративни пораки, уметнички креации, графити…..станува збор за интересни примамливи сликовити пораки што одземаат внимение и будат интере



