СДС целосно се трансформираше од партија во мафија под палката на криминогеното раководство, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, кое во продолжение може да го прочитате интегрално.Начинот на делување на криминалецот Заев, наркодилерите и бандитите кои им помагаа за избори, стана начин на делување на партијата. Криминалецот Заев и злосторничкото здружение околу него, вчера се обидоа да изведат државен удар и да спречат дискусија во законодавниот дом.
Криминалецот Заев и злосторничкото здружение околу него е избезумено. Сакаат да ги замолкнат сите кои говорат против Тиранската Платформа и кои го демаскираат нивното предавство.
Ветуваа двојазичност, дебати за химната, грбот и знамето. Ветуваа промена на банкнотите, двојазични униформи и федерализација. Ветуваа државни функции и со молчење ги одобруваа сите навреди и негирања на македонскиот идентитет. Ветуваа и нудеа се она за кое што се бореа и гинеа генерации Македонци само за да дојдат на власт и да се спасат од издржување на долги затворски казни.
Ветуваа, но не им помина. Македонскиот народ ги прочита и им застана на пат. Македонскиот народ им порача дека не прифаќа ниту Тиранска Платформа, ниту Тиранска Влада.
Затоа криминалецот Заев и бандитите околу него сега се во паника. Предавството е прочитано. Криминалците од СДС во немоќ стануваат се понасилни кон граѓаните. Тие им се криви заради тоа што не може да ги испорачаат ветувањата за кои се уценети од наркодилерите. Затоа пратеник од СДС физички нападна младо момче.
Во паника се и медиумите под контрола на СДС/Сорос. Тие мора да пишуваат лажни вести и да го покриваат дивеењето на насилниците на криминалецот Заев. Тие не смеат да ги пренесат изјавите и фотографиите на повреденото момче од болница, ниту смеат да го прашаат Максим Димитриевски како тој бил нападнат од 6 полицајци, а нема ниту гребаница? Како момчето кое го нападнало лежи во болница со скршени заби и со инфузија во рака?
СДС е целосно на спротивна страна од народот. СДС гледа непријатели во сите кои си ја сакаат татковината и не се согласуваат со пазарењето со највисоките државни и национални интереси.
ВМРО-ДПМНЕ како сериозна и одговорна партија понуди излез од политичката криза. Тоа е Манифестот за Единствена Македонија. Овој Манифест е гаранција на унитарниот карактер на Македонија и најдобар одговор на негирањата кон македонскиот народ, државните симболи и иредентизмот кој го промовираат домашни, но и странски субјекти.
Наместо кон сопствениот народ, СДС има долг кон наркодилерите и криминалците со кои што соработуваа.
Затоа стравот на граѓаните од идните политички дејства на СДС е оправдан.
Затоа народот е на нозе!
Затоа Македонија се буди!Начинот на делување на криминалецот Заев, наркодилерите и бандитите кои им помагаа за избори, стана начин на делување на партијата. Криминалецот За