Села плукаше по македонскиот народ, знаме и химна, а како награда од Заев добил понуда за Претседател на Собранието

Иако лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села во повеќе наврати плукаше по македонскиот народ и идентитет и тврдеше оти Македонците не постоеле во минатото, лидерот на СДСМ, Зоран Заев му понудил да биде Претседател на Собранието.
 Ова за дебатна емисија на Алсат-М го потврди Агон Ферати од Алијанса на Албанците, кој исто така, посочи и дека партијата ќе се залага за реализирање и бранење на Тиранската платформа.
 
Македонската јавност не заборава на скандалозните изјави на Села, кој велеше дека со пописот од пред 100 години не постои македонски народ. Тој се закани и дека Македонците кои се вработени во Струга ќе излезат од работа како технолошки вишок. Села, исто така, потенцира дека Албанците во Македонија ќе формираат федерација.
Освен тоа, Артан Груби, шеф на кабинетот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети потврди и дека ДУИ добила целосна согласност од СДСМ околу употребата на албанскиот јазик и точките во Тиранската платформа.
-Тука немаме двојни стандарди, ние баравме време за да постигнеме потполна согласност за прашањето на албанскиот јазик и заедничката Декларација и потоа ги дадовме потписите, истакна Груби.
Ова е уште еден доказ дека тврдењата на СДСМ, оти Тиранска платформа не постои се лажни. Иако СДСМ и натаму тврди дека не постои платформа, туку само владина програма, изјавите на политичарите од албанскиот блок се повеќе ги откриваат лагите на Заев и СДСМ.Ова за дебатна емисија на Алсат-М го потврди Агон Ферати од Алијанса на Албанците, кој исто така, посочи и дека партијата ќе се залага за реализира

Пронајдете не на следниве мрежи: