четврток, 12 ноември 2026
Најново

Застрелан малолетник во тетовско

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Тринаесетгодишно дете од тетовското село Палатица добило влезно-излезна рана во левата страна од грбот од  истрел од пиштол. Осомничен дека пукал во него е 17-годишник од истото село, потврдија извори во тетовското јавно обвинителство.Според досегашните податоци од истрагата, оружениот инцидент се случил во дворот од училиштето во селото вчера нешто по 16 часот.
Повреденото дете во животно загрозувачка состојба било префрлено на скопските клиники каде било приклучено на апарати. Осомничениот малолетник по околу еден час од инцидентот заедно со неговиот татко бил обезбеден од полицијата и се разговара со него.
Пронајден бил и пиштолот од кој се претпоставува дека било пукано, а според досегашните информации за пиштолот нема соодвтени документи за легално поседување. Истрагата го утврдува мотивот и се друго поврзано со овој инцидент.Според досегашните податоци од истрагата, оружениот инцидент се случил во дворот од училиштето во селото вчера нешто по 16 часот.
Повредено

Поврзани вести