Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Василевски, на денешната Собраниска седница истакна дека граѓаните на Република Македонија се измамени со постизборната Тиранска платформа.-Граѓаните имаат право да ја дознаат вистината за Македонија. Се работи за исклучително важна постизборна измама. Да појаснам на избори се излегува со предизборна програма во која кандидатите и пратениците излегуваат со одредени ветувања што ќе направат ако народот им го даде гласот за одредена полтичка партија и таа да биде победник на изборите, рече Василевски.
Тој потенцираше дека граѓаните на Република Македонија кои го дале гласот за одредена партија во моментов се излажани.
-Предизборно едни ветувања, постизборно лага во која како услови за формирање на парламентарно мнозинство се исфрлува Тиранската Платформа. Како пратеник ме интересира која е цената која Република Македонија треба да ја плати, праша Василевски.
Тој на крајот истакна дека со дебатата изминатите денови целата јавност можеше да види дали има или нема платформа.-Граѓаните имаат право да ја дознаат вистината за Македонија. Се работи за исклучително важна постизборна измама. Да појаснам на избори се излегува