Во изминатиов период градската библиотека „Борка Талески“ од Прилеп прерасна во вистинска ризница на нашето книжевно богатсво и современ мултимедијален центар по европски терк. Во перидот од 2005 до 2016 година се реализираа голем број на проекти кои комплетно го променија ликот на оваа установа :Се набави литература и списанијаСе набавија над 50.000 примероци со вкупна инвестиција oд над 8.880.000 денари.Издавачката дејностИздадени се 38 наслови меѓу кои: „Прилепското писмо“, „Прилепскиот ликовен феномен“, „Перото на прилепските новинари“, „Прилепчани 19 век“, „Шахот во Прилеп“, „Манастирските библиотеки во Прилеп и Прилепско“, „Прилепски спортски големини“, „Македонија – револуционери“, „Хроника за Мариово“, „Македонија и одринско – мемоар на внатрешната организација“ и многу др.Исто така беа реализирани и голем број на други инвестиции :Во периодот од 2005 до 2016 година во Библиотеката се вложени многу средства во унапредување на библиотечното работење, набавка на современа компјутерска и друга аудио – визуелна опрема и преуредување на целокупниот простор на оваа установа, се со цел излегување и задоволување на потребите на нејзините корисници и прераснување на оваа културна установа во модерен книжевен центар на Прилеп.Набавени се над 20 компјутери, печатачи и скенери. Набавени се и музички систем, проектор, камера, фото апарат и три телевизориИнсталиран е и систем за видео надзор и електронски противпожарен систем и сето ова во вкупна вредност од над 600.000 денари.Што се однесува до реновирањето пак на библиотеката, можеме слободно да кажеме дека таа во изминатиов период доби комплетно современ изглед.Комплетно е реновирано Роднокрајното одделение со износ на вложени средства од над 200.000 денари.Отворено е ново Одделение за странска литератураКомплетно е реновирана Големата читална на Библиотеката и претворање на истата во модерна сала за промоции и други настани. Вкупната вредност на инвестицијата е над 1.000.000 денари.Отворање на Интернет клуб и целосно реновирање на Средната читална со поставување на ботаничка градина, постојана изложба на стари фотографии и аквариум, инвестиција со приближна вредност од над 700.000 денари.Целосно е реновиран Пултот за возрасни, Одделението за стручна обработка на библиотечниот материјал и тоалетите на библиотеката со приближна вредност од 200.000 денари.Отворена е нова подрачна библиотека во н.м. Тополчани со книжен фонд од над 10.000 книгиИЛИ, ВКУПНО ЗА РЕНОВИРАЊЕ ПО СИТЕ ОВИЕ НАВЕДЕНИ ОСНОВИ ВО
ПЕРИОДОТ ОД 2005 ДО 2016 ГОДИНА ВО БИБЛИОТЕКАТА СЕ ВЛОЖЕНИ НАД 5.000.000 ДЕНАРИ
prilep1
Бројот на читатели и членови во библиотеката моментално изнесува 5.000, а во периодот од 2013 до денес откако комплетно е реновирана библиотеката во неа се имаат организирано над 200 манифестации, кои ги посетиле над 20.000 луѓе.
Во наредниот период градската библиотека „Борка Талески“ заедно со локалната самоуправа ќе продолжат со интензивното темпо на работа, подобрување и осовременување на условите за работа во библиотеката.
Градската библиотека „Борка Талески“ е културна установа која претставува вистинска гордост за нашиот град и пример како треба да работи и изгледа една современа библиотека од европски калибар. Големиот број на инвестиции кои се направија во изминатиов период ја постигнаа својата примарна цел, а тоа е зголемувањето на бројот на читатели, особено на младата популација и поголемо искористување на сите можности кои ги нуди библиотеката како еден мултимедијален центар од страна на сите граѓани.
Но нема да се застане тука и ќе се продолжи со ова интензивно темпо на работа. За периодот од 2017 до 2021 година планирано е реализација на исто така голем број проекти во библиотеката.
prilep2
НАБАВКА НА НОВА ЛИТЕРАТУРАИ во периодот 2017-2021 година Библиотеката планира да набавува актуелна литература од повеќе автори и издавачки куќи, по поволни цени, пред се по саемски цени, но и актуелни весници и списанија, за што би се инвестирале по 500.000 денари на годишно ниво околу. Буџетот ќе биде обезбеен од блок дотации, сопствени приходи и донации.
ЗНАЧИ ВКУПНО ЗА НАБАВКА НА ЛИТЕРАТУРА ЗА ПЕРИОД 2017-2021 ГОДИНА ПЛАНИРАНО Е ДА БИДАТ ВЛОЖЕНИ 2.500.000 ДЕНАРИ
ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТИздавачката дејност на Библиотеката ќе продолжи и во овој период ( 2017-2021 ), така што, покрај традиционалните изданија на Зборникот „Поетско Маркукуле“, ќе се издадат и други многу значајни публикации, пред се многу значајни за Прилеп, а и од прилепски автори.
Така што во 2017 година планирано е издавање на :
Зборникот од традиционалната, мултимедијална манифестација „Поетско Маркукуле“ за 2017, 2018, 2019, 2020 и 2021 година, за кој, за една година би се потрошила сума од 3000 денари. Буџетот ќе биде од блок дотации и од сопствени приходи. Вкупно за период 2017-2021 година за оваа намена се предвидени 150.000 денари. Рок за реализација е : август 2017- 2021 година.„Библиосвет“ – Библиотекарско списание, кое излегува два пати годишно, како подлисток во неделникот „Зенит“, за кој, за една година, односно 2 броја, би се потрошила сума од: 6000 денари. Буџетот ќе биде од сопствени приходи. Вкупно средства за период 2017-2021 за оваа намена се предвидени 300.000 денари. Рок за реализација март и декември 2017- 2021 година.„Мемоарите на Крсте Гермов – Шаќир Војвода“-редактор Славчо Ковилоски. Буџет од блок дотации. За оваа намена се предвидени 000. денари. Книгата би излегла во април 2017 година„Библиографија за Коле Чашуле“. Оваа библиографија библиотеката ќе ја издаде од сопствени приходи. Вкупно предвидени средства 30.000 денари. Рок за реализација: мај 2017 година.ВКУПНО СРЕДСТВА ЗА 2017 ГОДИНА ЗА ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ СЕ ПРЕДВИДЕНИ 200.000 ДЕНАРИ.
prilep3
Во 2018 година планирано е издавање на :
Зборникот од традиционалната, мултимедијална манифестација „Поетско Маркукуле“ за 2018, година. За него за една година би се потрошила сума од000 денари. Буџет од блок дотации и од сопствени приходи.„Библиосвет“ – Библиотекарско списание. И во 2018 година за издавање на ова списание е предвидено да бидат инвестирани 60.000 денари.„Семејните библиотеки во Прилеп“, од Петар Петрески и Магда Василеска. Буџет обезбеден од блок дотации и од сопствени приходи. Вкупно средства за реализација 60.000 денари. Излегување од печат во јуни 2018 година„Монографија за прилепските музичари“. Книгата ќе биде посветена на музичката дејност во Прилеп и на истакнатите прилепски музички уметници од сите области на музичката дејност. Средствата за нејзино издавање ќе се обезбедат од блок дотации, а тие би изнесувале 150.000 денари.ВКУПНО СРЕДСТВА ЗА 2018 ГОДИНА ЗА ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ СЕ ПРЕДВИДЕНИ 300.000 ДЕНАРИ.
prilep4
Во 2019 година планирано е издавање на :
Зборникот од традиционалната, мултимедијална манифестација „Поетско Маркукуле“ за 2019, година, за кој, за една година би се потрошила сума од:000 денари.„Библиосвет“ – Библиотекарско списание. И во 2019 година ќе се издадат два броја на ова списание кои ќе чинат 60.000 денари. Пари обезбедени од сопствени приходи.„Старата архитектура на Прилеп и семејните приказни поврзани околу неа“ – Монографија. Архитектонските особености на старите куќи во Прилеп и семејните приказни на нивните сопственици. Средствата за монографијата ќе бидат обезбедени од блок дотации, вредност 160.000 денари. Рок за реализација на оваа монорафија е предвиден за месец октомври 2019 годинаНово и дополнето издание на Зборникот за прилепските писатели – „Прилепското писмо“. Зборникот би чинел 50.000 денари, а средствата исто така ќе се обезбедат од блок дотации.И ЗА 2019 ГОДИНА, КАКО И ЗА 2018, ЗА ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ СЕ ПРЕДВИДЕНИ 300.000 ДЕНАРИ.
Во 2020 година планирано е издавање на :
Зборникот од традиционалната, мултимедијална манифестација „Поетско Маркукуле“ за 2020, година. Како и претходните години за него за една година би се потрошила сума од000 денари.„Библиосвет“ – Библиотекарско списание. И во 2020 повторно за за ова списание се предвиде 60.000 денари.„Монографија за старите занаети во Прилеп“. Опис на старите занаети во Прилеп кои се во изумирање. Парите ќе се обезбедат од сопствени приходи, а монографијата би чинела 60.000 денари. Монографијата би излегла во септември 2020 година.„Кој е кој во Прилеп“. Биографски белешки на познати личности во Прилеп. Буџет од блок дотации . Вкупно планирани средства 60.000 денари. Рок за реализација декември 2020 година.ВКУПНО СРЕДСТВА ЗА 2020 ГОДИНА ЗА ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ СЕ ПРЕДВИДЕНИ 210.000 ДЕНАРИ.
prilep5
Во 2021 година планирано е издавање на :
Зборникот од традиционалната, мултимедијална манифестација „Поетско Маркукуле“. За кого како и секоја година се превидени 30.000 денари.„Библиосвет“ – Библиотекарско списание. И за ова списание како и во претходниот период се предвидени по 60.000 денари годишно.Монографија за раритетната збирка на Библиотеката. Буџетот ќе биде од сопствени приходи, кои би изнесувале 40.000 денари, а монографијата би се реализирала во мај 2021 година.„Прилепчани 20 век“ од Славчо Ковилоски. Оваа книга ќе биде Монографија, која ќе чини 80.000 денари, пари обезбедени од блок дотации. Рок за реализација кон крајот на 2021 година.ВКУПНО СРЕДСТВА ЗА 2021 ГОДИНА ЗА ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ СЕ ПРЕДВИДЕНИ 210.000 ДЕНАРИ.
ЗНАЧИ ВКУПНО ЗА ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ ЗА ПЕРИОДОТ 2017-2021 ГОДИНА СЕ ПРЕДВИДЕНИ 1.220.000 ДЕНАРИ.
ДРУГИ ПЛАНИРАНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА :Во 2017 година планирано е да се реализираат следните проекти :
Реновирање на пултот за издавање книги во Детски оддел. Инвестиција 150.000 денари, средства обезбедени од блок дотации.Промена на електричното осветлување во Детскиот оддел. Буџет од блок дотации, инвестиција вредна 100.000 денари.Набавка на Печатач ласерски – колор. Инвестиција 15.000 денари, од блок дотации.ВКУПНО СРЕДСТВА ЗА 2017 ГОДИНА ПЛАНИРАНИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ СЕ 265.000 ДЕНАРИ.
Во 2018 година планирано е да се реализира следново :
Набавка на лифт за лица со посебни потреби. Средствата за лифот се планира да се обезбедат од ЕУ фондовите и тие би изнесувале околу 600.000 денари. Рок за реализација декември 2018 година.Набавка на електронско екран пано. Паното ќе биде поставено на фасадниот дел за прикажување на активностите на Библиотеката. Средствата ќе се обезбедат од блок дотации и локалната самоуправа. Инвестицијата се планира да изнесува 300.000 денари, а би се реализирала околу септември 2018 годинаВО 2018 ГОДИНА ПЛАНИРАНО Е ДА СЕ ИНВЕСТИРААТ ВКУПНО 900.000 ДЕНАРИ
Инвестици планирани во 2019 година :
Обезбедување на преку потребниот магацински простор, бидејќи сегашниот не е доволен ниту за литературата која што се предвидува да се набави во 2017 година, а камо ли за литературата во следните години. Тоа би чинело 3.000.000 денари, пари од блок дотации и локалната самоуправа.ВО 2019 ГОДИНА ПЛАНИРАНО Е ДА СЕ ИНВЕСТИРААТ 3.000.000 ДЕНАРИ
Инвестици планирани во 2020 година :
Промена на електричното осветлување во Магацинот. Инвестиција вредна 200.000 денари, од блок дотации. Рок за реализација е април 2020 година.ВКУПНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ВО 2020 ГОДИНА ЌЕ ИЗНЕСУВААТ 200.000 ДЕНАРИ
Во 2021 година се планира да се реализираат следните проекти :
Набавка на Библиобус. Оваа инвестиција би чинела околу 800.000 денари, а парите би се обезбедиле од ЕУ фондовите, а планирано е да се набави околу месец мај 2021 годинаВКУПНО ВО 2021 ГОДИНА ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРААТ ИНВЕСТИЦИИ ВРЕДНИ 800.000 ДЕНАРИ
ЗНАЧИ ВКУПНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ, ПО РАЗНИ ОСНОВИ, ВО ПЕРИОДОТ ОД 2017 ДО 2021 ГОДИНА ЌЕ ИЗНЕСУВААТ 5.165.000 ДЕНАРИ
КУЛТУРНИ МАНИФЕСТАЦИИ КОИ ЌЕ ГИ РЕАЛИЗИРА БИБЛИОТЕКАТА ВО ПЕРИОДОТ ОД 2017 ДО 2021 ГОДИНАОрганизирање на традиционалната манифестација „Поетско Маркукуле“ за 2017 до 2021 година. Поетски митинг од меѓународен карактер, за кого, за овој период би се потрошиле 100.000 денари, средства од блок дотации и сопствени приходи.Организирање на манифестациите за избор на: Најдобар рецитатор и Најдобра лична творба. Вкупно предвидени средства за период 2017-2021 година се 000 денари.Организирање на Општинскиот натпревар за Најдобар млад библиотекар. За периодот 2017 – 2021 за оваа намена би се реализирале 000 денари.ЗА КУЛТУРНИ МАНИФЕСТАЦИИ ВО ПЕРИОДОТ 2017-2021 СЕ ПРЕДВИДЕНИ 145.000 ДЕНАРИ
ИСТО ТАКА БИБЛИОТЕКАТА ПЛАНИРА ДА ОРГАНИЗИРА И РАЗНИ ПРОМОЦИИ НА КНИГИ, ИЗЛОЖБИ, ПРЕДАВАЊА…За оваа намена за периодот 2017 – 2021 година се предвидени 100.000 денари.
ВКУПНО СРЕДСТВА ЗА ПЕРИОДОТ 2017-2021 ЗА ПРОМОЦИИ, ИЗЛОЖБИ, ПРЕДАВАЊА… СЕ ПРЕДВИДЕНИ 100.000 ДЕНАРИ.
ИЛИ СЕВКУПНО ВО ПЕРИОДОТ 2017 – 2021 ГОДИНА ЗА ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ, НАБАВКА НА НОВА ЛИТЕРАТУРА, РАЗНИ ИНВЕСТИЦИИ И ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ГОЛЕМ БРОЈ КУЛТУРНИ МАНИФЕСТАЦИИ, ИЗЛОЖБИ, ПРОМОЦИИ, ПРЕДАВАЊА И ДРУГО, БИБЛИОТЕКАТА ПЛАНИРА ДА ИНВЕСТИРА ОКОЛУ 9.130.000 ДЕНАРИ ИЛИ ОКОЛУ 150.000 ЕВРА.Се набави литература и списанијаСе набавија над 50.000 примероци со вкупна инвестиција oд над 8.880.000 денари.Издавачката дејност