Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечерва одржа протестен марш пред платото на Домот на културата во Кичево.Во своето обраќање пред присутните Даме Силјаноски од Граѓанската иницијатива рече Македонија и Македониците во овој свет на агресија, жестока омраза и уривање посебно од најблиското опкружување повторно ќе победат, како што победувале и во минатото.
– Мои сограѓани познатиот Михаил Ренџов рече Македонија и Македониците во овој свет на агресија и жестока омраза и уривање посебно од најблиското опкружување пак ќе победат како што победувале и во минатото. Ќе прашате со што? Со човеколубието, со Божјата даровитост, со љубовта. Македонецот не знае да мрази и убива со добрината на срцето и душата, со митското трпение и упорноста тоа се основните состојки за неговото битие. Македонецот го убивале, го прогонувале, го опожарувале, го раселувале, го ослепувале а тој повторно прогледувал и повторно упорно градел и садел. Македониците низ историјата и сега вака си ја кажуват историјата се разбира со песна, не лелекаме, туку пееме. Со песната тагата ја совладуваме, со трпението надмудруваме, со орото оживуваме, а со смрта победуваме, рече Силјаноски.
Ние, како што истакна, сме излезени од Библијата и ако треба повторно ќе се вратиме во неа, а со тоа пак сме во вечноста.
– Нема да дозволиме никој повеќе да го погази македонското достоинство. Симболите на Македонија се симболи на нашето опстојување и никој нема право да се пазари со нив. Мирните и достоинствени протести ги продолжуваме и вечерва и ќе продолжиме се додека сите инволвирани страни не се откажат од платформи создадени во туѓи држави, истакна Силјаноски.
Тој ги повика кичевци со достоинствен протестен марш, како што рече, да покажеме дека сме единствени и сплотени за заедничка Македонија
Според организаторот во текот на викендот протестите ќе мируват.Во своето обраќање пред присутните Даме Силјаноски од Граѓанската иницијатива рече Македонија и Македониците во овој свет на агресија, жестока