По надминување на административните пречки, во текот на вчерашниот ден започна потпишување на директните плаќања кон земјоделските стопанства, односно субвенциите, кои што 224 милиони денари вчера беа потпишани, со налог за исплаќање до трезор, односно од Министерство за финансии до трансакциона сметка на сите земјоделци, изјави директорот на Платежната агенција, Игор Златков.Златков нагласи дека исто така, до 31 март ќе бидат потпишани дополнителни 170 милиони денари, за истите производители, а тоа се млекопроизводителите и производители на оризова арпа, а овде влегуваат и оние производи кои произведуваа органски производи.
-До 31 јуни се очекува изготвување на списоци за директни плаќања, по специјалност и тоа лозарство, овоштарство, полјоделските култури и се разбира сточарите, и тоа живинарство, свињарство, говедарство, козарство и овчарство. Тие се во вредност од 3 милијарди и 500 милиони денари, а по поднесувањето на списоците од страна на откупните претпријатија за тутун, ќе се изготват и списоците за исплата на тутунопроизводителите, кои што ќе бидат во вредност од една милијарда и 500 милиони денари, со што ќе се заокружи процесот на исплата на субвенции во вредност од 92 милиони евра, кои што законски треба да бидат исплатени до крајот на месец јуни во тековната година, а се наменети за производителите од претходната реколта, рече Златков.
Подготовката на предлог решенија за 2016 година ќе продолжат во континуитет, сукцесивно и согласно предвидената динамика, се предвидува до јуни/јули 2017 година да бидат подготвени решенија и да бидат исплатени директни плаќања меѓудругото и за следните намени, меѓу кои и: Полјоделство 800.000.000 денарим Градинарство 370.000.000 денари, Лозарство 400.000.000 денари, Овоштарство 350.000.000 денари, Производство на сертифицирано семе и саден материјал 40.000.0000 денари, Говедарство 450.000.000 денари, Овчарство 770.000.000 денари, Козарство 80.000.000 денари, Свињарство 130.000.000 денари, Пчеларство 125.000.000 денари и Живинарство 25.000.000 денари.Златков нагласи дека исто така, до 31 март ќе бидат потпишани дополнителни 170 милиони денари, за истите производители, а тоа се млекопроизво