Граѓани поддржувачи на иницијативата „За заедничка Македонија“ вечерва одржаа масовен протестен марш во Македонска Каменица.Гоце Стојановски, историчар, од протестниот марш испрати порака дека иднината на Македонија е во рацете на граѓаните, а не зависи од странските дипломати кои не сакаат ни да го спомнат името Македонија.
– Евроабмасадорот Хан вчера не сакаше да го спомне името Македонија, туку напиша Скопје. Ова е Македонија и сите 43 градови отворено кажуваат „не“ на т.н. тиранска платформа. Оваа земја одлучи дека и е доста од бирократи кои и го негираат правото на сопствено име, идентитет, знаме, јазик, правото да се биде Македонец. Затоа, народот е на улица и е се поброен и погласен. Стоиме зад нашите ултимативни барања, нема да не именувате со Скопје, нема да не делите, ќе покажете почит кон нас и нема да ни ја виткате кичмата со тирански платформи. Тоа нема да ви го дозволиме, истакна Стојановски.
Протест под транспарентот „За заедничка Македонија“ вечерва се одржа и во Делчево.Гоце Стојановски, историчар, од протестниот марш испрати порака дека иднината на Македонија е во рацете на граѓаните, а не зависи од странските дип