Паниката во СДСМ ја достигнува својата кулминација и се претвора во отворена безбедносна закана.Вечерва претседателот на општинската организација на СДСМ од Куманово со тупаници нападна еден од трактористите кои учествуваа на мирниот протест против разнебитување на државата.
Како што може да се види од снимката, претседателот на ОО СДСМ Куманово со тупаници го нападна трактористот, притоа изрекувајќи груби навреди.
Со зборовите “кои сте вие да го газите асфалтот во Куманово, сељаци едни” и “Да ви ебам мајката Македонска” претседателот на ОО СДСМ вечерва ја истури фрустрацијата на раководството на СДСМ врз мирните демонстранти.
Прво со тупаници почнал да удира во неговиот трактор, а потоа физички нападнал момчето кое било во тракторот зад него. Момчето, е однесено во кумановската болница.
Веднаш по инцидентот, СВР Куманово ја блокираше улицата „Илинденска“ каде што се наоѓа зградата пред која се случи немилиот настан и еден час ја блокираше.Вечерва претседателот на општинската организација на СДСМ од Куманово со тупаници нападна еден од трактористите кои учествуваа на мирниот протест п