Викса: Кој губи ако не зборува со 200.000 луѓе?

Кога ќе влезете кај мене на гости треба да се поздравите. Ако не сакате да правите муабет со домаќинот, тогаш мора да сте европски пратеник кој не е избран, туку делегиран, затоа што добро стои со некој.Ова на денешниот, најмасовен протест на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ го истакна водителот Виктор Петров – Викса.
Вели дека Македонците се воспитан народ, кој секогаш кога е испровоциран да се однесува некултурно наоѓа сила да најде мудрост.
-Хан не сакал да прави муабет со нас, и што да правиме сега ние? Кој губи ако не прави муабет со 200.000 луѓе?, прашува Викса.
Потенцира дека за се има крај, па така и за европската политика.
– Нивната политика пропаѓа затоа што се има крај. Зошто? Затоа што не е природно. Зошто не е природно? Затоа што се купува. Ова овде не се плаќа со пари. И тука е тоа што ни дава сила, тоа е тоа во кое веруваме, посочи Викса.Ова на денешниот, најмасовен протест на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ го истакна водителот Виктор Петров – Ви

Пронајдете не на следниве мрежи: