Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на општина Центар имаат целосно разбирање за волјата на граѓаните и на денешната седница на советот на Општина Центар истите истакнаа дека немаат намера да одат спротивно на интересите на жителите на Центар.Сепак, според советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, начинот на кој што Андреј Жерновски сака да ја укине претходната одлука е незаконска и популистичка.
Од тие причини советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, одлучија да не гласаат.
-Документот кој што е на дневен ред ништо не може да промени, со документ на само 2 страни не може да се донесе никакво решение.Решението за градба е донесено на 31 декември 2016 година, 2 и пол месеци се седи, тек кога почнало со градба се видел проблемот. За 2 и пол месеци можело да се исконсултираат и другите заинтересирани страни, сопствениците на локалите, изјави Илија Илиовски, советник од ВМРО ДПМНЕ.
Илија Илиовски го обвини градоначалникот Жерновски дека 4 години ништо не направил по однос на барањата на граѓаните и сега на истек на мандатот се обидува да прави политичка пропаганда во пресрет на локалните избори.
-Во овие 4 години во кои градоначалникот ништо не сработи, сега сработи за вас. Еве овој совет во кој мнозинство води СДСМ, после 4 години им текна на вас дека треба да направи нешто. Знаете на вонредна седница на 20 дена пред истекот на мандат. После 4 години да им текне за овие граѓани кои што таму работат, живеат и се движат. Многу интересно одбран момент, рече Илиоски
Советот на општина Центар со 12 гласа за ја стопираше одлуката за изградба на улица на кејот на Вардар.Сепак, според советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, начинот на кој што Андреј Жерновски сака да ја укине претходната одлука е незаконска и попул