четврток, 12 ноември 2026
Најново

СЈО потврдува дека е алатка која треба да му помогне на аболицираниот криминалец Заев во разнебитувањето на државата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Зоран Заев најавува, СЈО извршува. На овој начин работи и функционира СЈО, истакна на денешната прес-конференција Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Со секоја своја постапка СЈО потврдува дека е алатка која треба да му помогне на аболицираниот криминалец Зоран Заев во разнебитувањето на државата.
Последниот нарачан атак од СЈО e атак врз медиумите кои не се под контрола на СДСМ и СОРОС.
СЈО влегува во отворена пресметка со сите медиуми кои беа прогласени лично од Зоран Заев за негови најголеми непријатели.
Проценката на СЈО, СДСМ и СОРОС е дека преку незаконски прогон и одредување на притвор на сопственикот на ТВ НОВА, Сеад Кочан ќе ги заплашуваат медиумите.
Со оваа постапка СДСМ и СЈО сакаат да ги цензурираат медиумите кои се не под нивна контрола, надевајќи се дека нема да известуваат за политиките на СДСМ кои се спротивни на највисоките државни и национални интереси на Република Македонија.
Оваа постапка има јасна цел.
Прво притисок и по можност згаснување на ТВ НОВА и започнување на пресметка со медиумите кои не се под контрола на СДСМ и СОРОС.
Второ, испраќање порака и заплашување до сите медиуми кои не мислат како аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговите сценаристи, дека доколку не ја сменат уредувачката политика по желба на Заев, ќе се соочат со политички прогон, притисоци, притвори и други чекори кои не се засновани на закон и владеењето на правото.
СДСМ која ги изгуби последните парламентарни избори, пробува да ја заобиколи волјата на граѓаните и преку Тиранската Платформа и СЈО да дојде на власт.
Овој чин е крајно недемократски и претставува обид за загушување на демократијата и на медиумските слободи во Македонија.
Незаконското одредување притвор под притисок на СЈО, СДСМ и Заев, на сопственикот на ТВ НОВА дополнително и многу сериозно ќе ја продлабочи политичката криза во земјата.
Вака СДСМ ја замислува слободата на медиумите. СДСМ сака да ја врати Македонија во 90-те години.
Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Со секоја своја постап

Поврзани вести