четврток, 12 ноември 2026
Најново

Во Неготино вечерва се одржа протестен марш со кој граѓаните дадоа поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во Неготино вечерва се одржа протестен марш со кој граѓаните дадоа поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“ и за унитарноста на државата.Тие изразија незадоволство од тиранската платформа, која според нив, значи разнебитување на државата.
Пандорка Илкова, професорка по македонски јазик рече дека со отпочнувањето на преговорите за тиранската платформа започнува процесот на уништување на се она што не идентификува како Македонци.
– Секој кој се чувствува како Македонец, кој го сака јазикот македонски и го и го смета за свој, кој застанува на нозе, дури се вее македонското знаме и се пее македонската химна, ќе излезе на овој незапирлив марш за заштита на унитарноста на Македонија. Овој марш не е марш на омраза и национализам, туку на одбрана за својата земја, за својот јазик и за се она што нас Македонците не прави Македонци, рече Илкова.
Учесниците на протестот порачаа дека Македонија е на Македонците и на сите оние кои се чувствуваат како Македонци.Тие изразија незадоволство од тиранската платформа, која според нив, значи разнебитување на државата.
Пандорка Илкова, професорка по македо

Поврзани вести