Горди сме на нејзиното обемно творештво, идните генерации ќе живеат со песните на Вања Лазарова

По повод смртта на доајенот на македонската изворна музика, Вања Лазарова, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска упати телеграма со сочувство до нејзиното семејство.Канческа-Милевска го изрази своето жалење за загубата на оваа маркантна личност која со своето повеќедецениско дејствување ја промовираше македонската култура и уметност на национално ниво, но и во меѓународни рамки.
-Со голема тага ја примив веста за смртта на македонската музичка легенда Вања Лазарова. Нејзиното заминување претставува непроценлива загуба за македонската култура и за македонската држава воопшто. Сите сме горди на нејзиното обемно творештво, а идните генерации ќе живеат со нејзините песни. Публиката со особено задоволство ќе го памети златниот глас на македонската народна песна, нејзините врвни уметнички изведби на музичките бисери „Со маки сум се родила“,„Што да правам, што да чинам“, „Калеш Дончо“ и многу други остварувања во кои покажа дека е уметник со особен вокален капацитет, изведувач со впечатлива креативна енергија која секогаш, со задоволство, беше препознаена на сцената и поздравена од нејзината многубројна публика.
Со виртуозноста во интерпретацијата, со нејзината едноставност, искреност и бескрајна љубов кон македонската песна, Вања Лазарова, како врвен музички амбасадор, континуирано ја презентираше  македонската песна  на сите меридијани, за што и  должиме длабока почит. Македонската култура никогаш нема да ја заборави. Нека почива во мир, пишува во телеграмата испратена од министерката за култура.Канческа-Милевска го изрази своето жалење за загубата на оваа маркантна личност која со своето повеќедецениско дејствување ја промовираше македонск

Пронајдете не на следниве мрежи: