четврток, 12 ноември 2026
Најново

Македонската заедница во Холандија: Содржината на Тиранската платформа го поткопува унитарниот карактер на Македонија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Соопштение од Македонската заедница во Холандија до јавните гласила во Македонија во поддршка на претседателот Иванов и граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.-Ние, Македонците од Кралството Холандија обединети во Македонската заедница од Холандија (МЗХ) испраќаме безрезервна поддршка до највисоката институција претседателот Ѓорге Иванов за унитарност на државата Македонија, и воедно се придружуваме на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ која во моментот има масовна поддршка од мнозинството граѓани во републиката.
Унитарноста на Македонија е единствена правилна форма (како и во сите останати држави) која ги гарантира правата на сите малцинства кои живеат во Македонија и употребата на малцинските јазици според сите меѓународни стандарди се уредени/исцрпени со Охридскиот рамковен договор од 13. август 2001 година, правејќи го притоа албанскиот јазик дури и беспотребно привилегиран.
Македонците од Холандија со индигнација ја отфрлаат Тиранската (албанска) платформа која предизвика дополнителни тензии на политичката сцена во Македонија и ја повикуваат Европската унија и амбасадорите на земјите членки на Унијата да ја осудат оваа платформа како провокација и грубо мешање на Албанија во внатрешните работи на Македонија. Европската унија да не ја занемарува пресудата на Меѓународниот суд на правдата од 5. декември 2011 година и да не вршат континуирани притисоци врз Македонија за промена на уставното и историско име Македонија кое сама го избрала.
Европската унија и претставниците на истата во Македонија да поддржат процес за спроведување на попис во Македонија со цел да се утврди точниот број/процентот на граѓаните/малцинствата и добивање на појасна слика за правата и обврските на земјата спрема малцинствата, враќање на вербата и почитувањето на човековите права, инвестирање и интеграција во унитарното општество и помирување, како клуч за стабилност во регионот на југо-источна Европа.
Содржината на Тиранската платформа го поткопува унитарниот карактер на државата Македонија, има единствено неаргументирана провокативна цел и остава простор за анархија во меѓународните односи. Според дел од неа, тврдењата за геноцид врз Албанците на Балканот претставува бесмисленост кој го турка регионот во дополнителни меѓуетнички тензии и конфликти.
Македонската заедница во Холандија ја повикува Македонската академија за наука и уметност (МАНУ) како и Синодот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) да се придружат и излезат во поддршка на иницијативата „За заедничка и унитарна Македонија“, стои во соопштението.-Ние, Македонците од Кралството Холандија обединети во Македонската заедница од Холандија (МЗХ) испраќаме безрезервна поддршка до највисоката инсти

Поврзани вести