Демократската Унија за интеграција на вчерашното Централно Претседателство на партијата одлучи дека ќе влезе во владата на СДСМ, соопшти портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.Според најавите на Османи, ДУИ ја потврдува заложбата за целосно исполнување на сите точки од платформата на албанските партии која беше направена во Тирана, под покровителство на албанскиот премиер, Еди Рама.
-Централното претседателство на ДУИ како коизготвувач на заедничката декларација на парламентарните партии на Албанците во Република Македонија, следејќи ја внимателно новосоздадената ситуација по изјавите на Иванов, уште еднаш ја потврдува својата заложба за целосно исполнување на сите точки од декларацијата, истакна портпаролот на ДУИ.
Само за потсетување, албанските партии во Тирана потпишаа платформа во која се предвидува двојазичност на целата територија на Македонија, промена на химната, знамето, државниот грб, употреба на албанскиот јазик на парите, како и воведување казни од 3.000 до 5.000 евра за неупотреба на албанскиот јазик.
Тој вели дека одлуката на Централното Претседателство на ДУИ донело одлука да се испочитува волјата на граѓаните Албанци и да се реализира платформата која што беше ветена пред граѓаните.
Османи посочи дека со влегување во Владата на СДСМ, албанските партии полесно ќе ја спроведат платформата.
-По донесување на одлуката за поддршка на новото парламентарно мнозинство и за учество во Владата останува политичките партии да се координираат за начинот на кој тоа ќе се направи.
Инаку, Османи тврди дека албанската платформа е направена во Скопје од албанските парламентарни партии, и оти не е наметната од надвор.
Ова е спротивно на тврдењата на Движењето БЕСА, бидејќи тие испратија писмо до премиерот на Албанија, Еди Рама во кое се посочува дека договорот за обединување на албанските партии во Македонија не е напишан од страна на ДУИ на Али Ахмети.
-Движењето Беса го отфрли ова тврдење и наведува дека се беше почнато од страна на Владата на Албанија, додавајќи дека поради оваа акција нема да прифати веќе да седне и да разговора со ДУИ, но додава дека може да направаат исклучок само во случај ако средбата биде посредувана од страна на премиерот Рама, пишуваат албанските медиуми.Според најавите на Османи, ДУИ ја потврдува заложбата за целосно исполнување на сите точки од платформата на албанските партии која беше направена