Реакција на проф. д-р Тања Каракамишева-Јовановска на вчерашните хистерични и координирани изјави на странски политичари дадени против уставната одлука на претседателот г. Иванов да не му го додели мандатот за составување Влада на Зоран Заев-Вчерашните дрски, безобразни, и крајно опасни изјави на албанскиот премиер Еди Рама, на хосовскиот претседател Хашим Тачи, и на албанската пратеничката Месила Дода, всушност упатуваат на заклучокот дека одлуката на г. Иванов не само што е во согласност со Уставот на РМ, туку е донесена во вистински момент кој треба да направи пресврт во одбегнувањето на планираниот државен удар што Заев и неговата фашизоидна тајфа го подготвува веќе трета година.
Потпомогнат и целосно координиран со неколку странски претставници, Заев целосно ја соголе вистината пред македонската јавност зареализацијата на последниот чин од странското сценарио. Сега е јасно која би била судбината на РМ ако евентуално Заев стапне на премиерската функција. Настаните што се случија изминатите неколку дена укажуваат во колкава опасност е Република Македонија како држава, и колку политичката криза во земјава била и е искористена од страна на некои странски центри на моќ за конечно стегнување на ортомата околу вратот на Македонската држава.
Срамни и понижувачки се хистеричните изјави на албанските лидери дека во Република Македонија „Албанците треба да си ја земат судбината на своите права во свои раце“, и дека „Албанците имаат само еден начин како да преживејат во ова место каде што Господ не определил, а тоа е да стегнеме раце и сите заедно да одиме кон една единствен држава…Затоа што имаме само една татковина“. Да биде иронијата и срамот поголем истото ова, во идентична форма го повтори и косовскиот претседател Тачи.
Прашањето што легитимно се поставува е дали овие лидери на странски држави делуваат и политички работат во 21. век или во 17. век?
Дали овие лидери некогаш слушнале за обврската да постапуваат во согласност со меѓународното право, во согласност сомеѓународните правила и принципи коисе должни да ги почитуваат во политичката комуникација со надлежни претставници на суверена и независна држава како Република Македонија, и дали воопштоимаат елементарна политичка писменост?
Јас целосно ги разбирам ако наместо овие правила повеќе им лежи на душа јазикот на „мајките и шајките“, но во таков случај треба под итно да ги вратат политичките функции на кои се натопорени. Потоа нека продолжат датресат „зелени“ колку што срце им сака.
Од друга страна, вчера ја слушнавме и високата претставничка на ЕУ, Могерини како му држи лекции на претседателот Иванов за Уставот на РМ, со цитирање на уставната одредба во која таа видела обврска на Иванов да му го додели мандатот на Заев.
Ги гледаме, ги слушаме и навистина ни преседнува од се.
Без тронка дипломатска култура, без никаков усул во испорачувањата на директните уцени кон официјалните претставници на Република Македонија со содржина „или ќе биде како што јас ние ви велиме, или никако“, посочените претставници на меѓународната заедница си ги покажаа вистинските лица и вистинскиот образ. Овие луѓе дефинитивно го имаат изгубено компасот. Во услови на се поочигледнанемоќ која ги има зафатено поради глобалните промени во светот, тие ниту се контролираат, ниту знаат што зборуваат. Како споулавени трчаат околу наоколу ширејќи говор на омраза и раздор меѓу луѓето.
Свесни ли се овие политички репрезенти колкава директна штета и нанесуваат на Република Македонија и на сите македонски граѓани со пласираните уцени на домашен терен?
Свесни ли се дека со упатенитеуцени до граѓаните на РМ наместо да придонесат да се смири наелектризираната состојба, тие намерно придонесуваат дополнително да се внесе граѓански раздор и нетрпеливост. Толку ли им е тешко да си го стават јазикот во уста наместо да ни покажуваат со какви мускули им е вештачки надграден.
Тежок срам и врв на политичко дилетантство е во 21. век политичари од ранг на премиер и претседател на држава да не знаат до каде им се границите на нивното делување и постапување, и што не знаат до каде смеат да делуваат.
Отсуството на соодветна политичка и правна реакција од институциите на ЕУ и од Советот на Европа за ваквото флагрантно кршење на европскиот принцип на доброседската политика, како и на принципот на владеење на правото упатува на заклучокот на какво демократскониво се овие политички структури. Очигледно време е за нивна демократизација. Да си се завртат во сопствениот двор и да видат што направиле од институциите кои ги раководат и кои се убедени дека им се демократски, а всушност, се антидемократски-Вчерашните дрски, безобразни, и крајно опасни изјави на албанскиот премиер Еди Рама, на хосовскиот претседател Хашим Тачи, и на албанската пратени