Постигнување целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик на сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија, ова е едно барањата содржани во албанската платформа кое е прифатено од страна на раководството на СДСМ според тврдењата на претставниците на ДУИ, пишува порталот Денешен.мк.Доколку албанскиот јазик стане втор официјален на територијата на цела држава тоа дефинитивно ќе значи и промена на имињата на градовите, односно македонските градови ќе добијат албански имиња.
Барањето македонските градови да добијат албански имиња според наши информации било разгледувано и на состаноците на опозицијата при што иако имало спротиставени ставови и негодување сепак било одлучено да се прифати промена на имињата на македонските населни места, односно градовите и селата низ целата држава освен со македонски топоними и кирилично писмо, да бидат испишани и со албански топоними и латинично писмо.
Но интересно е тоа дека доколку ова почне да се применува тогаш македонските градови на патоказните табли, но и во сите државнии нституции би биле заведувани со двојни имиња.
Со оглед на тоа дека странците секогаш го преферираат латиничното писмо, на кое, покрај кириличното писмо ќе бидат испишани имињата на македонските населени места тогаш доколку некој странец дојде во Македонија тогаш тој би го прочитал албанскиот назив и тогаш тој град или село од него би било запаметено според албанскиот назив.
Но уште полошо е тоа што доколку вакво нешто биде прифатено во Собранието, без никаква пречка, населените места во сите меѓународни и странски институции би можеле да бидат заведувани со албански имиња што всушност би се случило со оглед на фактот дека таму се применува латиницата.
Ова на некој начин значи и промена на имињата на градовите, нешто што се бара и за името на државата
Па така Скопје за брзо време би можело да стане „Шкупи„, Битола- Манстирит, Дебар- Дибра.
Еве ги новите имиња на македонските градови
Демир Хисар – Demir Hisari Пехчево-Peçeva, Демир Капија- Demir Kapia, Македонски брод Brodi, Валандово Vallandova, Македонска каменица- „Kamenica“ Крушево- Krusheva Богданци- Bogdanca Кратово- Kratova, Берово-Berova, Пробиштип-Probishtipi, Ресен- Resnja, Скопје- Shkupi, Битола- Manastirit, Куманово- Kumanova, Прилеп- Prilepi, Тетово-Tetova , Велес-Velesi, Штип-Shtipi, Охрид- Ohri, Готивар- Gostivari , Струмица-Strumica, Кавадарци- Kavadari, Кочани- Koçani, Кичево-Kërçova, Струга- Struga, Радовиш- Radovishti, Гевгелија-Gjevgjelia, Дебар- Dibra, КриваПаланка- Kriva Pallanka, Свети Николе-Sveti Nikolla, Неготино-Negotina, Делчево-Dellçeva, Виница-Vinica.Доколку албанскиот јазик стане втор официјален на територијата на цела држава тоа дефинитивно ќе значи и промена на имињата на градовите, односно м