Тврдокорни денес ќе маршираат под мотото “Македонски марш – завет за Македонија“

Низ скопските улици денес ќе маршираат поддржувачите на Македонското Патриотско Здружение „Тврдокорни“.Во повикот за така наречен Македонски марш ова здружение потенцираат на неколку работи од кои првата е дека утрешниот марш бил најавен пред 10 дена „и затоа не може да постои предумисла за правење немири при евенталното создавањето или несоздавање Влада. Ако би дошло до поклопување на термините тоа е сосема случајно“.
Втората точка од повикот се однесува на новата Влада.Од ова здружение информираат дека од понеделник со јавен допис ќе се обрати до потенцијални владини коалициски партнери од кои ќе бараат јавно да кажат што е договорено во Мала Речица.
„Во врска со создавањето на Влада, МПЗ „Тврдокорни“ од Понеделник, со јавен писмен допис ќе се обрати до евентуалните владини коалициски партнери, каде што ќе се бара ЈАВНО да се одговори: што е договорено во Мала Речица! Секој молк или одговор кој нема да е во склад со македонскиот Устав и законите, ќе биде мотив МПЗ преку протести да ги повика виновниците на одговорност кои нема да бидат од церемонијален карактер и низ разни облици на побуна секојдневно ќе се вршат легитимни притисоци додека не се повлечат штетните одлуки!“
Понатаму, велат:
„МПЗ „Тврдокорни“ никогаш не би имале против коалиција на СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ со било кои албански партии кои се лојални на позитивните македонски закони. Она што нас длабоко не засегнува е прашањето – дали со подзаконски акти или дотерување на постоечките, притаено ќе се обидуваат да подметнат нов и веќе предзавршен чин од долгата редица на сепаратистички барања на албанските политичари!“.
Тие ги повикуваат сите утре да дојдат на маршот во масовен број, за да , како што пишуваат во соопштението до медиумите, видат  сите, и партии, и странски амбасади, и поединци, со каква сила ќе се соочат, ако пробаат да ги излажат или нешто да им подметнат.
Меѓудругото повикуваат членовите да дојдат во црна облека и да понесат македонски знамиња и ознаки, но партиските ознаки да ги остават дома бидејќи нема да бидат дозволени и ќе бидат отстранувани од страна на редарските единици. Во повикот за така наречен Македонски марш ова здружение потенцираат на неколку работи од кои првата е дека утрешниот марш бил најавен пред 10

Пронајдете не на следниве мрежи: