– Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска соопшти дека во координација со Министерството за внатрешни работи – Оддел за организиран криминал вчера спровела акција за откривање организирана група што извршувала кривични дела на нелегална трговија со дрога.– Работејќи на континуирано откривање и гонење на организираниот криминал, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција раководи со предистражната постапка за откривање на организирана група што извршува кривични дела на нелегална трговија со дрога. Акцијата е спроведена против криминална група на повеќе локации и во повеќе населени места при што се откриени наркотици и лишени се од слобода повеќе од три лица, се вели во денешното соопштение од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
Оттаму посочуваат и дека во тек е целосното документирање на случајот по што, како што велат, ќе ја информираат јавноста за понатамошниот тек на постапката и преземените дејствија.– Работејќи на континуирано откривање и гонење на организираниот криминал, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и