Во велешката болница вработени 33 доктори, сите испратени на специјализација

Во Велешката болница се работеше и на зајакнување на кадарот, примени се на работа 33 лекари кои се испратени на специјализација, пет лекари се испратени на таканаречена кофинансирана специјализација, а дел од лекарите во болницата биле и се испратени на специјализација во странство.Министерот за здравство, Никола Тодоров нагласи, дека работа на Министерството е и да креира постојано нови услови за здравствените работници и пациентите.
– Прашањето е како било претходно, а како треба да биде и тоа е она кон коешто ние постојано треба да се стремиме. Затоа не треба да се запре во инвестициите во градежната инфраструктура, во набавка на најсовремена медицинска опрема, како и во инвестиции на кадровскиот потенцијал со прием на здравствени работници, но и со нивна континуирана едукација и во земјава и во странство. Како резултат на тоа и помал број пациенти од Велес и другите градови ќе се препраќаат на лекување во болниците во Скопје и во странство, а таа е и нашата цел како Министерство за здравство да создаваме подобри услови, рече Тодоров. Министерот за здравство, Никола Тодоров нагласи, дека работа на Министерството е и да креира постојано нови услови за здравствените работници

Пронајдете не на следниве мрежи: