„Еден ден манипулации и глумење жртва на некаков режим за Петре Шилегов значи нови 300 евра на неговата сметка. Нешто под една месечна просечна плата заработува пратеникот Шилегов дневно во изминативе две години“, вели Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.„Доколку се погледне неговиот анкетен лист, повеќе од очигледно е дека портпаролот на СДСМ, за само две години своето богатство го зголемил за над 200 000 евра. Додека го бојкотираше Собранието, фрлаше со бои и ја навредуваше полицијата портпаролот на СДСМ инкасирал по 9000 евра месечно. Во новиот анкетен лист, богаташот Шилегов пријавува три нови стана на име на сопругата. Двата стана од 64 и 72 метри квадратни семејството Шилегови ги купило во 2015 година, кога пратеникот Петре Шилегов го бојкотираше Собранието. Третиот стан од 68 квадрати си го купиле лани додека се бореа против „режимот” и додека платеничката револуција дивееше и уништуваше се низ Скопје“, истакна Данев.
Тој вели и дека пратеничката плата не изнесува месечно 9 000 евра, а сопругата на Шилегов како што знае јавноста беше пријавена на минимална плата, а згора на тоа враќаше кредит во вредност од 160 000 евра.
„Се поставува прашањето дали Петре Шилегов го научил занаетот за богатење од Радмила Шекеринска? Дали Петре Шилегов сам себе си изнајмува станови и наплаќа кирии од неговото адвокатско друштво? Дали Петре Шилегов си наплаќа консултантски услуги од сопственото адвокатско друштво, додека ја извршува функцијата пратеник? 200 000 евра приходи за само две години се премногу особено ако се бориш против режим. Граѓаните бараат одговори како пратеникот Шилегов успева да фрла бои по институции, да ја извршува функцијата портпарол и пратеник и годишно да го збогатува банкарското салдо за по 100 000 евра“, вели Данев.
Тој вели и дека на лицемерието, лагите и манипулациите на криминогеното раководство на СДСМ му доаѓа крајот. Политиката која ја води СДСМ е провидна за граѓаните.„Доколку се погледне неговиот анкетен лист, повеќе од очигледно е дека портпаролот на СДСМ, за само две години своето богатство го зголемил з