Од денеска во наредните 10 дена сите заинтересирани невработени лица кои имаат дарба и знаење за програмирање ќе можат да се јават на огласот на Агенцијата за вработување на Република Македонија за обуки за напредни ИТ-вештини.Како што појасни на денешната прес-конференција директорот на АВРМ Влатко Поповски, станува збор за четири видови обуки за програмирање. Првата е Микрософт официјална обука за програмирање во HTML 5 и CSS 3 наменета за веб-дизајнери и веб-програмери. Втората обука Микрософт официјална обука за MCSD веб-апликации „Net C#“ за развој на интерактивни квалитетни веб-апликации и развој на веб-сервиси. Третата обука за која е објавен oглас е ORACLE официјална обука наменета за развој на апликации во програмскиот јазик PHP, и четвртата е официјална ISTQB за тестери за квалитет на софтвер.
Заинтересираните, рече Поповски, треба да имаат завршено средно или високо образование. По 10 дена сите заинтересирани ќе бидат повикани на предтест со цел да се утврдат нивните познавања, а ќе им биде понуден и договор со АВРМ за роковите во кои треба да ја завршат обуката и да го положат тестот.
-Овие обуки ќе им овозможат на сите невработени лица кои имаат познавања од оваа област да го надградат своето знаење и да добијат меѓународно признати сертификати, со кои многу полесно ќе дојдат до вработување и во Македонија, но и во странство, истакна Поповски.
Во изминатите години од 2010 досега вкупно 1025 лица посетувале и завршиле вакви обуки. Половина од нив, рече Поповски, се и официјално вработени.Како што појасни на денешната прес-конференција директорот на АВРМ Влатко Поповски, станува збор за четири видови обуки за програмирање. Првата е М