Криминалната изнуда која ја направи аболицираниот Зоран Заев барајќи пари од струмички бизнисмен по принципот “Едно евро од метар квадратен за Вицето” ја виде целата јавност, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Нема човек во земјава што не се срами од бескрупулозниот апашлук на Зоран Заев и од неговите подли обиди да ја изигрува правдата. Нема човек што не бара Зоран Заев да одговара пред законот како и сите други криминалци. Зоран Заев е прочитан и затоа е поразен од граѓаните на Република Македонија.
Вчера бевме сведоци на уште една срамна епизода во која аболицираниот криминалец Зоран Заев ја играше улогата на бандит кој ја избегнува правдата.
Неговиот пријател Столе овојпат не му беше на располагање за да ги лаже судот и јавноста дека имал средба со Амбасадорот на Италија, па криминалецот Заев одбра нова тактика. Тој бара да бидат изземени сите Јавни обвинители кои го спроведуваат законот и го гонат за неговите криминали.
Криминалецот Заев сака да соработува само со Катица Јанева. Таа си е негова. Таа го штити наместо да го гони. Таа и партиската испостава на СДСМ наречена СЈО му ја подарија втората аболиција.
Аболицираниот криминалец Зоран Заев може да бега од соочување со криминалот, но не може да избега од правдата.
Зоран Заев ќе одговара за криминалот и ќе врати се што украл по истиот принцип по кој крадел: евро по евро, назад кај оштетените граѓани.
Пронајдете не на следниве мрежи: