По повод големиот христијански празник Водици ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на сообраќајници во централното градско подрачје и во општина Ѓорче Петров.
Во периодот од 9 часот, па до завршувањето на манифестацијата по повод Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени улицата „Филип Втори“ до булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Кеј 13 Ноември“ до булеварот „Кочо Рацин“.
Во општина Ѓорче Петров, пак, од 10 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“ десно по улицата „Ѓорче Петров“, па лево по улицата „Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по улицата „Демир Трајко“ и „Александар Циборовски“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Сообраќајот по улица „Васил Чакаларов“ ќе биде пренасочен по околните сообраќајници на потегот од ул. „Московска“ до крстосницата со ул. „Иван Цанкар“.
Од сообраќајната полиција апелираат до возачите во овој период од денот да не ги користат сообраќајниците кои гравитираат околу наведените крстосници, да ги користат околните улици, исто така, да бидат трпеливи и да ги почитуваат наредбите што ќе им бидат давани од страна на униформираните полициски службеници.Во периодот од 9 часот, па до завршувањето на манифестацијата по повод Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени улицата &bdquo