Денеска изутрина, на 90 годишна возраст почина проф. д-р Димитар Стамболиев, еден од најзначајните стручњаци за развојот на машинската и електро-техничката индустрија во Македонија.
Професорот Стамболиев е еден од основачите на Електро, на Машинскиот и на Технолошко-металуршкиот факултет на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во текот на 30 годишниот ангажман како универзитетски професор, предавал и на Техничкиот факултет на универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола и на Рударско-Геолошки факултет Штип.
По пензионирањето, ја основаше фондацијата „Проф. д-р Димитар Стамболиев“ преку која редовно се наградуваат и стипендираат најдобрите студенти на Машинскиот, на Електро-техничкиот и на Медицинскиот факултет во Скопје. Автор е на повеќе од 10-тина учебници од областа на машинството и на 20-тина научни-истражувачки трудови.
Во времето на индустрализација на Македонија, проф. д-р Стамболиев е првиот машински инженер ангажиран во сите развојни проекти на „Металскиот завод – Тито“ во Скопје.
Погребот ќе се одржи утре, (четврток) на градските гробишта во Бутел во 13.30 часот, а Машинскиот факултет при Uниверзитетот „Св. Кирил и Методиј“ следната недела ќе одржи комеморативна седница.Професорот Стамболиев е еден од основачите на Електро, на Машинскиот и на Технолошко-металуршкиот факултет на универзитетот „Св. Кирил и Мето