Кабинетот на Претседателот на Демократската Унија за Интеграција најостро ја демантира грубата шпекулација и измислотица на порталот Либертас во врска со вечерашниот состанок на Централното Претседателство на ДУИ во Тетово, велат од партијата во писмено соопштениеСостанокот на ЦП на ДУИ помина во конструктивна и колегијална атмосфера, отворена и конструктивна дебата и детална анализа за состојбата во земјата.
Г. Беким Незири не е член на Претседателството на ДУИ и не беше ниту присатен на состанокот, додека Пратеникот Артан Груби воопшто не зема збор на вечерашниот состанок, а уште помалку имаше жешка полемика помеѓу некои измислени и непостоечки два табора во ДУИ од страна на порталот.
Лажни вести во врска со ставовите на ДУИ се зачестена појава во повеќе координирани портали на Албански и Македонски јазик и затоа ги повикуваме медиумите да се држат до коректно известување и да бараат став од страна на овластени претставници на ДУИ во врска со сите нивни дилеми.
Заклучоците од ЦП на ДУИ беа едногласно усвоени и потоа пренесени до сите медиуми.“ – стои во сооштението на ДУИСостанокот на ЦП на ДУИ помина во конструктивна и колегијална атмосфера, отворена и конструктивна дебата и детална анализа за состојбата во земјата