Нов влажен бран со дожд, снег и пораст на температурата ќе ја зафати Македонија од петок. Утре изутрина ќе биде многу студено, во поголем дел од земјава под -15 степени, а во текот на денот претежно сончево со пораст на дневните температури.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во петок ќе дува и умерен ветер од јужен правец, а максималните температури насекаде ќе бидат позитивни. Кон крајот на денот и во сабота на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места и дожд и снег. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка. Долж Повардарието и во јужните делови на пониските места ќе има намалување на снежната покривка.
Во недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Дневната температура ќе биде околу нулата.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во петок ќе дува и умерен ветер од јужен правец, а максималните темпер