Во сите поголеми населени места во земјава загаденоста на воздухот за дишење е проблem за граѓаните, иако овој проблем е стар неколку децении во последно време особено се актуелизира.
Испитувањата покажуваат дека загаденоста е карактеристична за поголеми населени места, а голем дел на граѓани на Струмица сметаат дека е зголемена загаденоста на воздухот и во нивниот град, особено во ноќните часови кога се загреваат домаќинствата.
-Да, загадено е
-Зимно време секако дека е загадено од затоплувањето на домовите , а од друго не гледам дека е загадено, немаме фабрики за да процентот биде повисок на загадувањето.
-Нема мерило, нема на што да се мери, загаденоста е од греењето на секакви средства во домовите, загаден е ама нема мерила да се знае колку е, се дел од одговорите на граѓаните.
Граѓаните се жалат и на респрираторни и други здравствени проблеми поврзани со загаденоста на воздухот во Струмица.
-Тоа го осеќаат самите заболени од таа болест и тие се гушат и ред други работи и немаат физичка сила.
-Па можно е да има и заболувања од загадувањето, секако.
-Се осеќа загаденоста, јас мислам дека тоа е така од дрвата кои што се горат, зависи кои што горат, велат анкетираните граѓани.
Загаденоста во Струмица би требало да е и помала ако се земе во предвид и фактот дека општината се гордее со гасоводот и имплементирање на користењето на гасот.
Еколошкиот сектор во Струмица досега нема организирано проекти за аналица и испитување за загаденоста на воздухот на територијата на општината. Од нив на прашањето дали е загаден воздухот во Струмица и што како здружение превземаат тие околу тоа велат дека досега немаат направено мерења за загаденоста на воздухот во Струмица бидејќи нема мерни инструменти за тоа, иако би превземале иницијатива за тоа.
Од општината Струмица се уште нама одговор на две прашања, дали во Струмица ќе биде поставена мерна станица за загадување на воздухот и какви мерки ќе бидат превземени од страна на општината заради полесно справување на граѓаните со загаденоста на воздухот особено во ноќните часови?
Едно од прашањата меѓу кои и цената на гасот во Струмица можеби е пречка граѓаните да го користат како гориво за загревање на домовите и колку неговото користење ќе придонесе за намалување на загаденоста на воздухот во Струмица?Испитувањата покажуваат дека загаденоста е карактеристична за поголеми населени места, а голем дел на граѓани на Струмица сметаат дека е зголемена



