Постигнат е договор за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. После кратки но интензивни преговори, челните лица на партиите дури и полесно од очекуваното се договорија под кои услови ќе се состави новата влада во Република Македонија, пишува сатиричната рубрика Двоглед во неделникот Република.Во јавноста се појавија шпекулации дека ВМРО на ДУИ и нудело 200 милиони евра за да направат заедничка влада. Нашата редакција ја провери оваа информација и дозна дека е последица на еден лош мамурлак после преновогодишната забава на СДСМ во еден скопски хотел.
Во ваква кревка емотивна состојба, челните лица на скопската организација смислувале наслови за да се пополнат првите неколку дена од новата година, колку да се одвлече вниманието од фактот дека Заев е сеуште исчезнат по акцијата во Теарце и не може да биде лоциран ниту со помош на зулу врачеви. Од СДСМ знаат дека после 2-неделното трубење дека поразот на избори е победа за нив, повеќе не може да одат со таква трагикомична теза, па сега ја подготвуваат наредната од нивните кујни – „победата на СДСМ беше одземена со многу пари од ВМРО“.
Токму затоа е и одбран насловот „ВМРО на ДУИ и нуди 200 милиони евра“ кој депримираните и резигнирани креативни мозоци од СДСМ го смислиле со помош на многу хемиски суплементи, какви се неопходни за да резонираш на таков начин.
Нашата редакција сепак дојде до ексклузивниот договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за коалицирање при што дознавме неколку работи: точно е дека имало пазарење, но не дека ВМРО нудело 200 милиони евра на ДУИ, туку од ДУИ нуделе 30 стомни со неброено азно, 200 грла овци и 72 камили.
Медиумите кои наседнаа на шпекулациите на СДСМ неправилно информираа дека преговорите меѓу ВМРО и ДУИ се одвивале во некој хотел во Скопје. Вистината е дека преговорите се одвивале во колосеумот над с. Таор, Скопско, во посредство на духот на Јустинијан лично, кој од ДУИ бил прифатен како странски медијатор и гарант на правичноста и еднаквоста во преговорите.
За разлика од скопските шпекулатори од СДСМ, за овие преговори навистина дознал нивниот гуру Џорџ Сорос кој веднаш решил да реагира соодветно па му се јавил на вештерот од Телма за да објави дека Сорос ја проколнува оваа коалиција. Клетвата на Сорос била објавена во вестите во 15:30, после што следела итна реакција од Доналд Трамп.
Тој веднаш чим дознал за клетвите на Сорос, се качил на белиот коњ кој му доаѓа со куќата и тргнал во јуриш према својот најголем непријател. Трамп го згрбачил од ќотек Сорос, но не го убил бидејќи му било жал дека без леб ќе ги остави сите негови посиноци и приќерќи на Балканот кои без него нема да може да преживеат, иако имаат по 30-50 години.
Тогаш Сорос се претворил во Хидра со многу глави на соросоидите од Македонија и сакал да го задави Трамп, но овој ги врзал на чвор сите змијолики глави на Соросовата Хидра и така врзанина чвор ги зашутирал према вселената каде експлодирале во новогодишен огномет. Во тој момент исчезнале сите вештери од Телма, соросоидните печат-врачеви и другите гмизавско-колначки суштества од нашата република.
Исчезнале сите освен една мала, мала, мала, група мамурна, која го преживеала триумфот на Трамп над Соросовата аждаја сокриена под маса во еден скопски хотел во раните утрински часови, и безгрижно смислувала наслови за своите портали.
Кромиди Запад*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Во јавноста се појавија шпекулации дека ВМРО на ДУИ и нудело 200 милиони евра за да направат заедничка влада. Нашата редакција ја провери оваа инфо