Ефтов: Два месеци пред избори една амбасада провоцираше христијанско-муслимански конфликт

Една наша пријателска држава преку нејзината амбасада во Македонија ги повика своите државјани да не доаѓаат во Македонија во периодот пред изборите бидејќи е небезбедно, потсети новинарот и политички аналитичар, Васко Ефтов во гостувањето на Радио Слободна Македонија. 
Таа пријателска држава, потсети Ефтов, преку своите пријателски служби, за кои ние како аналитичари и како луѓе кои живееме овде, велиме дека биле вклучени во изборните процеси и во тој изборен инженеринг, таа држава достави одредена информација за можни терористички акции во Македонија пред изборите.
-Тие 2 месеци не комуницираа со некои сегменти на полициските структури кои не беа под контрола на Оливер Спасовски и одеднаш излегуваат со една таква информација. Тоа значи дека македонската полиција која што не е под контрола на Оливер Спасовски требаше да делува антитерористички во одредени села во скопско или кумановско, во одредени градови и да сузбие одредени обиди за тероризам и тоа да предизвика дополнителни радикализирања на релација христијани и муслимани во рамки на Македонија, вели Ефтов.
Истата таа пријателска служба или држава, додава тој, изрази сочувство до цивилните жртви и малите деца за акцијата во Дива Наслеба лани.
-И кога ќе ги поврзете тие работи тоа веројатно не е случајно тоа е концепт и стратегија за да се предизвика, додека е жешко одреден конфликт во Макеоднија и тој конфликт да донесе одредено незадоволство  кај муслиманските или кај албанските гласови и ите да гласаат на контото на нивниот политички фаворит, заклучува Ефтов.

Ефтов смета и дека кризата почнува од таму од каде што датираат првите снимени телефонски разговори кои беа објавени во така наречените бомби. -Aко тоа е некаде 2008/2009 година, значи од таму треба да се смета дека почнува целото сценарио кое добива забрзување во текот на 2014/2015 година, меѓутоа почнува таму некаде 2008/2009 година.
-Јас ќе ве вратам малку наназад, тогаш бев на Канал 5 ТВ во првиот мандат со емисијата, тоа значи 2010/2011 година, ако се сеќавате на оние големи тутунски протести, имав направено емисија дека тоа е одредена работа на тајни служби каде што прв пат се тестира како заеднички ќе протестираат Македонци, Торбеши или Бошњаци и Албанци. И нели тогаш велеа па тоа се теории на заговор, па како може ЦИА да организира тутунски протести, а на крај се виде дека тоа било едно сценарио, се тестирало низ одредени успешни или неуспешни обиди, меѓутоа се тестирало изминативе или наредните 4,5 или 6 години за да видиме сега како тоа всушност функционира. Они поминаа неколку фази, неколку неуспешни фази, ги видоа проблемите кои им се појавија во реализацијата на сценариото, извлекоа одредени поуки и дојода горе-доле до успех на сценариото, сега на крај можеби не го постигнаа тоа што го сакаа, но веројатно нема да се откажат, вели Ефтов за РСМ.
  
Таа пријателска држава, потсети Ефтов, преку своите пријателски служби, за кои ние како аналитичари и како луѓе кои живееме овде, ве

Пронајдете не на следниве мрежи: