Четири гранкови синдикати исклучени од ССМ

Сојузот на синдикатите на Македонија подолг временски период се соочуваше со упади на четворицата претседатели на грански синдикати кои во обид да го реализираат влијанието на политички и бизнис структури во континуитет вршеа опструкција во работењето на ССМ, фокусирајќи се на предизвикување на интриги, афери и спречувајќи го работењето на ССМ, кое и покрај ваквите обиди, директно беше насочено кон остварување на работничките права, изјави Живко Миктревски претседател на ССМ.
 -Ваквата опозициски и бизнис настроена дружба, соочена со притисокот од членството поради нивниот евидентен неморал и неетика од нивна страна и натаму да опстојат на претседателските функции како синдикални пензионери, Пеце Ристевски претседател на СИЕР со над 65 години, Пецо Грујовски, претседател н УПОЗ со над 64 години, Живко Даневски, претседател на АГРО синдикат со скоро 63 години, во континуитет упорно работеа на рушење на легитимното раководство избрано на последниот конгрес и на органи и тела, сѐ со цел да ги остварат своите лични интереси. Истите, организираа насилен упад, фалсификување на наводно менување на раководството преку доставување на лажни фалсификувани исправи спротивно на Статутот на ССМ, на Деловникот за работа, без соодветни постапки, без иницијативи, без одобрување на 13 грански синдикати од вкупно 17, сѐ со цел да ги реализираат своите намери, насилно да извршат упад во работењето на ССМ и насилно да извршат смена на раководството. Истите, ваквите намери ги вршеа без одобрување и без консултации со своите членки, обидувајќи се да ја фалсификуваат волјата за што добија неколку кривични пријави како договор за извршување на кривично дело, фалсификување на исправи и печат, злоупотреба на службена положба и овластување, злосторничко здружување, за што се соочени со казна затвор од 3-10 години. За сите овие дејствија беше покрената постапка и од страна на Основното Јавно Обвинителство која ја заплени и целокупната фалсификувана документација од нивна страна, потенцираше Митревски.
Тој вели дека 13те грански синдикати, како што е познато, јасно укажаа и го потврдија овој фалсификат, а му дадоа безрезервна поддршка на легитимно избраното раководство на ССМ и претседателот Митревски. Ваквите потврди се во прилог и на доказната постапка против групата на фалсификатори кои направија обид да ја фалсификуваат волјата на членството.
-Оваа група без знаење на нивното членство, во континуитет спротивно на Статутот и Одлуката за уплаќање на членарина, не го информираа нивното членство дека не уплаќаат членарина во ССМ, а со тоа ја кршат и Одлуката за финансирање, вклучително и тоа што не го потпишаа и Меморандумот за начин и исплата на членарината во ССМ. Само за пример, синдикатот на СИЕР, чиј што претседател е Пеце Ристевски, за 2015 и 2016 година уплатил помалку членарина во вредност од 4.682.681 денар. АГРО синдикатот чиј што претседател е Живко Даневски не уплатил членарина во висина од 2.589.374 денари, синдикатот на СУТКОЗ чиј што претседател е Дарко Димовски, не уплатил членарина во висина од 3.370.358 денари и синдикатот на УПОЗ чиј што претседател е Пецо Грујовски, не уплатил членарина во висна од 4.368.083 денари, или вкупно сите уплатиле помалку 15.010.496 денари, истакна Митревски.
Митревски вели и дека со ваквите дејствија оваа група не само што предизвикала оштетувања во финансиското работење на ССМ, туку истовремено не ги информирале ниту своето членство зошто таа членарина не ја пратиле и за какви цели ја трошеле. Основна обврска на сите членови на синдикатите здружени во ССМ ако се искрени, хумани и солидарни, треба да обезбедат и нормално функционирање, не само на ССМ, туку и да се грижат за социјално економската состојба на вработените во ССМ, како и да се грижат за обезбедување на услуги кон членството, а не истите средства да ги користат за сопствени цели или за трошење на незаслужените пензионерски синдикални денови.
-Поради горенаведените причини, фалсификување на документи, фалсификување на волјата на членството, на мнозинството на синдикатите, злоупотреба на службената положба, грубо кршење на Статутот, обид за насилно рушење на легитимно избраното раководство, обиди за нарушување на безбедноста на лицата и имотот на ССМ, лажно претставување, обиди за злосторничко здружување, неисплаќање на членарина и манипулирање со членството, Претседателството на ССМ на 13та седница, одржана на 26.12.2016 година, јасно ја изрази волјата на 13те грански синдикати и донесе одлука за суспензија на 4те синдикати од членство во ССМ, а Советот на ССМ на својата 5та седница одржана на 28.12.2016 година, ја потврди суспензијата изречена од претседателството и истовремено изрече мерка исклучување од членството од Сојузот на синдикати на овие 4 синдикати, вели Митревски.
-ССМ ја користи оваа можност уште еднаш да ја упати пораката до сите членови на синдикатите кои со Одлука моментално се исклучени дека вратите на ССМ за сите нив се отворени и дека и понатаму ССМ ќе работи за остварување на нивните интереси и цели, а воедно го повикува нивното членство да ја спречат деструктивната работа на синдикалните пензионери кои во обидот да ги заштитат своите лични интереси и да обезбедат претседателски мандати до 70 годишна возраст, како што и претходно правеа, се обидоа да го рушат единството, солидарноста и активниот пристап на ССМ кој што го има во државата насочен кон обезбедување на правата и интересите на работниците во РМ. Почитувани членови на Сојузот на синдикатите на Македонија, легитимно избраното раководство на ССМ, Ве уверува дека ќе го зачува единството во ССМ, Ве уверува дека ќе продолжува и понатаму да остварува историски резултати кои во претходниот период ги имаа направено како што се донесувањето на Законот за минимална плата, Законот за мобинг, Законот за БЗР, ратификацијата на 8 нови конвенции, имплементирањето на 16 европски директиви во работното законодавство, воведувањето на информирањето и консултирањето како обврска на работниците, повторното воведување на регресот за годишен одмор, здржувањето на границата за пензиски стаж и многу други активности кои оставија печат во работното законодавство и тоа не само во Република Македонија туку и пошироко во регионот, рече Митревски.
Тој вели и дека сојузот на синдикатите на Македонија и 13те здружени грански синдикати Ве уверува дека ќе направат се за сите членови од овие синдикати во текот на идниот период по расчистувањето претпоставуваме на односите во нивните синдикати, особено со нивните пензионерски раководства дека повторно ќе бидат интегрален дел на ССМ и на синдикалното движење во РМ, вели тој.-Ваквата опозициски и бизнис настроена дружба, соочена со притисокот од членството поради нивниот евидентен неморал и неетика од нивна страна и нат

Пронајдете не на следниве мрежи: