„Тичо наша, тебе веќе те нема“: ПОТРЕСНИТЕ ЗБОРОВИ на мајката, таткото и сестрата на Тијана…

Плачење, вресоци, тага…Така вчера беше во цел Бајмок. А во куќата на Тијана Јуриќ неопислива болка. Мајката, таткото и сестрата на Тијана гледаат во празно. Немаат веќе сила ни да плачат.Мајката на Тијана е целосно уништена од болка, нема сила да каже ниту еден збор. Само очите не и се умориле. Неуморно леат солзи. Ја наведнува главата на рамото на сопругот , во раката држи марамче, а кога ќе ја крене главата, само кратко повторува: „Се надевав, се надевав…“. Сите кои ќе и пријдат да ја утешат ги игнорира. Само моли да ја пуштат да тагува.
Плаче и таткото на Тијана, само повторува: „Тичо, моја Тичо! Колку те сакав јас тебе. Боже колку те сакав!“
Помладата сестра на Тијана, Сашка, немо седи и гледа во една точка. Се чини како да не трепка. А потоа како да продолжува некој одамна започнат разговор, само повторува:
– Тичо моја тебе веќе те нема, кој ќе му биде тетка еден ден на моето дете? Со кој ќе ги делам сега сите мои приказни?
Во собата никој не можеше да ги запре солзите, плачат и деца и жени и мажи.
Во куќата на Јуриќ се најдоа роднини, пријатели…сите со нив сакаа да ја споделат болката. Таму биле и другарите на Тијана, околу триесетина од нив. Се собрале и нивните родители. Таму биле и кога полицијата им ја соопштила страшната вест.
Децата тогаш со неверување почнаа да викаат:

„Тоа не е вистина, не е вистина..Жива е нели?“ Едно девојче се онесвести, сите беа во шок. Веднаш стигнала полицијата, брзата помош и психолози. Разговарале со децата и се обиделе да ги смират. Децата велат дека никогаш порано не го виделе монструмот кој ја уби Тијана.
Весна Ивошевиќ, мајка на другарката на Тијана, со која таа се разделила кобната вечер вели дека сега и е тешко:
– Се соживеавме со семејството, но се надевавме дека ова нема трагично да заврши. На сите ни беше тешко, но минатат ноќ ни беше најстрашна. Во Бајмак се слушаа вресоци од сите нас. Тијана веќе ја нема, а детето никогаш на никого му нема ништо згрешено. Таа беше и ќе остане наш славеј, наш ангел… вели Весна.Мајката на Тијана е целосно уништена од болка, нема сила да каже ниту еден збор. Само очите не и се умориле. Неуморно леат солзи. Ја наведнува глав

Пронајдете не на следниве мрежи: