Од спектакуларната изјава на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека не ги признава судството и судските институции, во јули 2015 година, истовремено кога судијката Љубинка Башевска го закажа првото рочиште за „Пуч“, следуваа серија одлагања на главната расправа, меѓу другото, и поради свадбената прослава на ќерката на специјалната обвинителка Kатица Јанева.Десет пати по ред, според статистиката на Основниот суд – Скопје 1, се закажува и одложува рочиштето за „Пуч“, а само последните два пати по барање на Судот.
Еве како хронолошки тоа изгледаше.
Јас сум во просториите на СДСМ или во кампот на слободата пред Владата, заедно со граѓаните – рече Заев на прес- конференција на 1 јули лани кога ги повика надлежните органи да го уапсат бидејќи, како што децидно се изјасни, нема намера да се појавува на суд оти не го признава и не му верува.
Тоа и се случуваше. Освен што го игнорира случајот, Заев не се појавуваше во струмичкиот суд, односно не ја почитуваше мерката за претпазливост да се јавува секој понеделник во определено време во судот во Струмица. Ова беше проследено и со писмени известувања од струмичките колеги до скопска „единица“ кои патуваа со денови како до друг континент, во кои беше кажано дека тој неколку пати по ред не се пријавувал во судот ниту, пак, давал какво било образложение. Последното известување од струмичкиот суд беше дека се обиделе да стапат во контакт со него, но тој бил на годишен одмор.
Второто одлагање на рочиштето, инаку закажано за 7 септември 2015, една недела пред специјалната обвинителка да биде избрана, беше повторно одложено поради неприсуство на Заев. Тогаш Јавното обвинителство достави предлог до судот да му биде одземен пасошот.
Имам средба со италијанскиот амбасадор
Заев не се појави ниту на следното рочиштето за 22 октомври, а Башевска го презакажа за 13 ноември. Тогаш одбраната на Заев како причина за неговото недоаѓање ја наведе средбата на лидерот на СДСМ со италијанскиот амбасадор и со странски претставници на инвестициски фонд.
Дежа ви се случи и на петтото закажано рочиште, но овој пат Башевска се закани дека доколку на следното, закажано за 2 декември, Заев повторно не се појави, ќе издаде наредба за стражарно приведување. Таа така одлучи кога адвокатите на првиот човек на опозициската партија приложија авионски билет како доказ дека Заев морал да отпатува надвор од земјата поради „меѓународна активност“.
– Јас толерирав и премногу и воопшто не ја сакам оваа ситуација. Заев навистина инсистира и ќе морам за наредното рочиште да издадам наредба за стражарно доведување, изјави Башеска на 13 ноември 2015, а тоа влезе и во записникот на тоа рочиште.
Истиот ден од СДСМ стигна одговор дека Заев нема да влезе во судница ниту на 2 декември ако случајот не го преземе обвинителството на Kатица Јанева.
Така и се случи кога беше одлучено дека Јанева, покрај останатите случаи од прислушуваните материјали, и „Пуч“ го презема од Јавното обвинителство под своја капа по што рочиштето беше одложено за 21 декември.
Следуваа серија нови одложувања, овој пат по барање на Јанева. Така расправата и шести пат, на 21 декември, не се одржа оти СЈО имало потреба дополнително да се запознава со содржината на доказите доставени до Судот, а кои, според образложението на тимот на Јанева, не биле содржани во обвинителскиот предмет што им бил доставен.
Свадбата на ќерката
Следната расправата, закажана за 14 јануари оваа година, не доживеа реализација оти Јанева инсистира целиот нејзин тим да направи комплетен увид во доказите. Башевска го аминува овој предлог, па закажа нова дата за главна расправа по неколку месеци, односно на 2 март.
ваа дата остана медиумска атракција оти тогаш Јанева од Башевска побара ново одложување, но не за април, бидејќи рече ќе биде зафатена за свадбата на ќерка си, ами за мај. Иако тогаш судијката беше зачудена од барањата на Јанева и сакаше да го закаже рочиштето за 16 април, обвинителката инсистира да биде слободна цел месец поради прославата.
На 3 мај рочиштето беше одново одложено по барање на Јанева, а Заев првпат тогаш даде изјава дека ќе биде доследен и ќе се појавува во судот секогаш кога треба. Тоа беше прво закажано рочиште за „Пуч“ откако стапи на сила аболицијата.
Само последните две одложувања на главната расправа за предметот, во кој Заев е четвртообвинет, покрај поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга и двајца вработени во МВР, се случија по барање на Судот. На 16 септември беше одложено поради болест на еден од судиите поротници, а пред два дена поради недостиг на сертификат за безбедност. Последното одложување предизвика силно внимание повторно по одложувањето поради свадбата, овој пат поради скандалозниот однос на Јанева во Судот и обвинувањата дека тој намерно ја одолжува постапката.
Искра Коровешовска, Дневник.Десет пати по ред, според статистиката на Основниот суд – Скопје 1, се закажува и одложува рочиштето за „Пуч“, а само последните