четврток, 12 ноември 2026
Најново

Додовска: Очекувањата на СДСМ се сведуваат на теоријата на фантомски гласови која тие ја промовираа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Универзитетската професорка Иванка Додовска вели дека очекувањето на СДСМ за промена на бројот на мандати се сведува на теоријата на фантомски гласови, која патем ја промовираше СДСМ.-Сметам дека прегласувањето кое треба да се одржи на едно избирачко место, според прифатената тужба од СДСМ од страна на Управниот суд, во конкретниов случај во избирачко место во Теарце во ништо нема да го промени финалниот исход кој го освоија политичките партии на изборите на 11 декември. Се работи за избирачко место каде што сите политички партии имаат свои поддржувачи и свои стандардни гласови. За да се случи било каква промена во освоените мандати во шестата изборна единица хипотетички би требало сите гласачи да гласаат само за СДСМ, со што би освоиле 400 гласа и би успеале да го променат изборниот резултат. Таква можност се исклучува бидејќи на 11 декември СДСМ освои помалку гласови од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ т.е. околу 80 гласови. Очекувањето за промена на бројот на гласови се сведува на теоријата на фантомски гласови која патем да ве потсетам ја промовираше СДСМ, вели Додовска за Курир.-Сметам дека прегласувањето кое треба да се одржи на едно избирачко место, според прифатената тужба од СДСМ од страна на Управниот суд, во ко

Поврзани вести