Со Охрид и со фотографијата на „Св. Јован Канео“ почнува написот во престижниот Вог кој овојпат препорачува шест дестинации на Балканот што мора да се посетат идната година.– Добредојдовте во Охрид, Македонија, крајно совршен град, полн со шарм на Стариот свет, поставен на брегот на брилијантното Охридско Езеро. Ова светско наследство на УНЕСКО се наоѓа на крстосница, меѓу три национални паркови, привлекувајќи туристи, планинари, алпинисти и луѓе кои бараат одмор. Локалните жители тука шетаат по каменеста пешачка патека, а кануа лебдат во езерските води кои осцилираат. Охрид е и идеално место за уживање во македонската успешна сеозна на виното, пишува Вог во текстот објавен во петокот.
Посетете го, додава, најфотографираното обележје на Охрид, црквата Свети Јован Канео, видете го градот од врвот на Самоиловата тврдина.
– Прошетајте го Стариот град, поминете покрај куќите украсени со бугенвилија, саксии и бршлен, додека не стигнете до плажата Канео, дом на семејниот ресторан „Кај Каневче“. Завршете го денот со вечер во „Џез Ин“, ноќен клуб кој нуди жива свирка и каде што се состануваат локалните жители, стои во статијата.
За панорамаско разгледување, Вог ја сугерира турата преку Галичица до Преспанско Езеро, но го препорачува и ноќното возење со бродче до ресторанот „Острово“ во близина на реката Дрим и манастирот Свети Наум.
Престојувајте во еден од капацитетите, порачува авторот на текстот, наведувајќи ги хотелот Тино и вилите Света Софија и Мал Свети Климент.
Меѓу балкансите дестинациите што ги препорачува Вог како нетуристички, се и Призрен, Белград, Трансилванија, Химара, Херцеговскиот регион.– Добредојдовте во Охрид, Македонија, крајно совршен град, полн со шарм на Стариот свет, поставен на брегот на брилијантното Охридско Езеро.