ТРАГИЧНО: Киднапираната Тијана е убиена – Месар од Сурчин е убиецот

Српската полиција во околината на градот Сомбор го пронашла и телото на Тијана Јуриќ (15), а веста ја пренесе српската државна телевизија РТС.Киднаперот и убиецот на Тијана Јуриќ е лоциран и уапсен, а во Сомбор синоќа се упатија и српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ и директорот на полицијата Милорад Вељовиќ.
Девојчето  е убиено истата ноќ кога била и киднапирана. Таа била закопана во околината на Сомбор.
Според сознанијата на српски Курир, киднаперот и убиецот на Тијана е месар од Сурчин кој токму тој ден бил гостин во Бајмок.
Киднаперот е во притвор и е под понатамошна истрага.

Стефановиќ: Најстрога казна
Министерот на полицијата Небојша Стефановиќ изјави дека полицијата уапсила лице за кое се смета дека е убиецот на Тијана Јуриќ.
– Сите луѓе од полицијата кои работеа на овој случај се длабоко потресени поради нејзиното убиство. Како родител и министер, сметам дека вакво злосторство заслужува најстрога казна – вели министерот Стефановиќ наместото каде е пронајдена Тијана.Киднаперот и убиецот на Тијана Јуриќ е лоциран и уапсен, а во Сомбор синоќа се упатија и српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ и

Пронајдете не на следниве мрежи: