Членството и симпатизерите на СДСМ бараат оставки од Зоран Заев и од Радмила Шекеринска „вечниот губитник“ како што ја нарекуваат. Анализите на победата на ВМРО-ДПМНЕ им ги отвори очите за лагите за „фантомски“ 450.000 гласови од 2014 година, кои во речиси идентичен број ВМРО-ДПМНЕ ги освои на сегашните избори.„ВМРО-ДПМНЕ победи, со два пратеника повеќе, всушност за нив гласаа 450.000 граѓани, речиси идентично како на минатите избори“, пишува Јорданка Ивановска- Јоци, препознатлив поддржувач на СДСМ, која го нагласува „силниот мониторинг од набљудувачи и странци“.
Во анализата дали е тоа „разочарувачки“ или „освестувачки“, со оглед на „машинеријата која работеше на пад на коалициската влада плус десетици илјади албански гласови“ пресметувајќи ги последните околу пет пратенички мандати, повика дека е време „Опозицијата да си ги признае сите грешки“.
„Лиле Ферид, Милетиќ, лош маркетинг, лоши советници, ПР, недостаток на визија за широк предизборен фронт, ароганција, поширок поглед кон иднината без ситни души, теснопартиски интереси, збогување со Радмила Шекеринска, вечниот губитник која во најдобар случај по сто години во политиката и нокаутиран противник извлекува реми. Поточно, едно големо НИШТО!!!“, анализира Јоци во делот каде бара опозицијата да си ги признае грешките.
„Лиле, Ферид Милетиќ, Радмила ќе го турнат Груевски во 3.089 година“ додава цинично Јорданка Ивановска- Јоци, отворен поддржувач на СДСМ.
Зоран Заев и покрај ветувањето, како и секогаш до сега, не остана на зборот и не поднесе оставка од сите функции. Така Заев рече и повтори, дека ќе си даде оставка од сите функции и ќе се врати во Муртино кај семејството.„ВМРО-ДПМНЕ победи, со два пратеника повеќе, всушност за нив гласаа 450.000 граѓани, речиси идентично како на минатите избори“, пишува