Укината забраната за камиони на Ѓавато

Во 12:05 часот денеска е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато, но се препорачува задолжителна употреба на зимска опрема, информира Диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“.Се уште важат забраните за сообраќај на камиони на патните правци Гостивар-Маврово-Дебар и  Гостивар-Стража-Кичево.
Според Диспечерскиот центар, сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места наместа со остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на „Македонија пат“.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.
ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  кон условите на патот и посочува дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.Се уште важат забраните за сообраќај на камиони на патните правци Гостивар-Маврово-Дебар и  Гостивар-Стража-Кичево.
Според Диспечерски

Пронајдете не на следниве мрежи: