НОВИ СОЗНАНИЈА: Тројца мажи ја однеле Тијана во Бања Лука?

Таткото на Тијана, Игор Јуриќ, ја отфрла можноста дека неговата ќерка отишла со дечкото и ги моли сите кои што имаат било каква информација за неа, да се јават во најблиската полициска станица.На Фејсбук групата „Да помогнеме да се најде Тијана Јуриќ“, вчера осамна непроверена информација дека исчезнатата девојка вчера била видена во Република Српска.
„Денеска еден црн БМВ со босански таблици застана пред мојата куќа и го праша дедо ми каде се оди до Бања Лука. Дедо ми му објасни и ги викна момците на ракија. Тие излегоа и изнесоа со себе една девојка која беше расплакана. Иста Тијана. Мене ми текна која е и и` се обратив: „Еј, ти си ми нешто позната“. Веднаш скокна едниот од оние тројца и рече: „Одиме“. И си отидоа. Му реков на дедо ми дека мислам дека тоа е Тијана, но баба ми не ни дозволи да викнеме полиција“, се наведува во коментарот кој предизвика лавина реакции.
Таткото ги отфрлил овие шпекулирања, велејќи дека таа нема дечко и ги замоли луѓето да ја остават полицијата да си ја врши својата работа и да не прават самоиницијативна потрага по неговата ќерка.
Како што тврдат од полицијата, поради близината со државната граница со Унгарија веднаш е остварен контакт со нивните надлежни органи, како и со Интерпол.На Фејсбук групата „

Пронајдете не на следниве мрежи: