Гласот за десно-цетристичките коалиции е глас за двојазичност и редефинирање на државата

Гласот за десно-цетристичките коалиции е глас во прилог на намерите на Заев за двојазичност и редефинирање на државата. Според сите испитувања на јавното мислење, шансите за остварување на некој посериозен резултат на коалициите „ВМРО за Македонија“ и „Коалиција за промени и правда“ се практично минимални. Прашање е дали воопшто двете коалиции може да освојат пратеничко место.Единствено што е извесно според сите анкети, дека ВМРО ДПМНЕ ќе победи со огромно мнозинство. Останува само дилемата дали ќе се исполнат очекувањата и зацртаната цел на Коалицијата за подобра Македонија да се освојат 63 пратенички места.
За двете коалиции е карактеристично што се декларираат опозициски, па оттаму причините за формирање на овие коалиции пред изборите и одлуката да одат самостојно, со голема сигурност може да се претпостават со оглед на тајмингот и начинот на кој се формираа.
Идеологот на СДСМ , Љубомир Фрчковски во Љубљана навести што се дискутирало во дипломатски кругови и отворено ја претстави можноста да се формира Влада без ВМРО -ДПМНЕ.

Затоа повеќе од извесно станува дека секој глас за овие коалиции е глас за заобиколување на волјата на мнозинството и практично глас за СДСМ.
Претседателот на ВМРО-НП Љубчо Георгиевски веќе и на митинзи отворено говори за целта на неговата коалиција и според него само нестабилна влада може да обезбеди стабилна држава.
– И едните и другите бараат 62 пратеници за стабилна Влада. Мојот став е дека ние после овие избори треба да имаме нестабилна Влада за да имаме стабилна држава. Не смее никој повеќе да има апсолутна власт, вели Георгиевски.
Ваквиот став на Георгиевски е практична потврда дека секој глас за овие коалиции е практично глас кој ќе знаци нова нестабилност и пролонгирање на кризата. Во ситуација кога СДСМ и Зоран Заев на преговарачка маса ги ставија највисоките национални интереси, прашањата за двојазичност, редефинирање на државата и промената на Уставот, секој глас може да го намали капацитетот при идните преговори за формирање на новата Влада.
Зоран Заев во неколку наврати јавно кажа дека СДСМ очекува најмногу гласови од Албанците, а отворено зборува и за воведување на двојазичност во државата и напуштањето на рамките на Охридскиот договор. Во една прилика во гостување на телевизиска емисија тој самоуверено го отвори и прашањето за менување на Уставот на Р. Македонија.
Во програмата на СДСМ секој може да види дека се предвидуваат и локална полиција, двојазичност и политипни општини.
И додека Заев се расфрла со двојазичност и менување на Уставот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и „Коалицијата За подобра Македонија“ Никола Груевски од македонскиот народ бара поддршка за 63 пратеници за да се зачува унитарноста и самостојноста на Р. Македонија и конечно да се стави крај на кризата затоа што отворањето на чувствителни прашања како двојазичност и менување на Уставот може само да значат нов конфликт во Македонија.
За двојазичноста во Македонија која сака да ја воведе Заев реагираат и останатите поголеми етнички заедници во Р. Македонија како Турци , Роми, Срби, Бошњаци.
Претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ,за Дневник вели дека двојазичноста за која зборува Заев практично ќе значи дека земјава и официјално ќе биде бинационална држава. Тоа, според него, е невозможно да се изведе по мирен пат.
-Тоа што Зоран Заев, лидерот на СДСМ, зборува за двојазичноста, воопшто не е едноставна работа. Според него, фактички граѓаните би требало да живеат во бинационална држава. Kако тој мисли да им објасни на луѓето од Струмица или од Велес дека треба да учат албански јазик и да го употребуваат. Промена во однос на употребата на официјалниот јазик во Македонија, македонскиот јазик, според Уставот, невозможно е да се направи со вметнување уште еден јазик, без притоа да не се чепка Уставот. А ако дојде до менување на Уставот, секако тоа нема да биде мирен процес. Ние како Срби немаме зошто да се чувствуваме дискриминирани во однос на тоа што еден лидер на партија посакува, вели лидерот на оваа политичка партија.
На речиси иста линија се и од Демократската партија на Ромите во Македонија. Тие се убедени дека ниту Ромите како многубројна заедница во земјава, а ни останатите, нема да дозволат двојазичноста, која практички го подразбира албанскиот како втор официјален јазик во земјата, да профункционира.
-Зошто да живееме во бинационална држава кога и ние имаме речиси идентична бројност како Албанците, но никогаш не сме го кренале гласот, напротив. Сите сме дел и живееме во една држава. Сигурен сум дека ниту една од останатите помали етнички заедници нема да дозволи да се воведува двојазичност на ниво на целата територија оти тоа е привилегија само на Албанците, а тие не се единствено малцинство, вели Садетин Шабаноски од Демократската партија на Ромите.
 Единствено што е извесно според сите анкети, дека ВМРО ДПМНЕ ќе победи со огромно мнозинство. Останува само дилемата дали ќе се исполнат очекувањат

Пронајдете не на следниве мрежи: