После петгодишна пауза, трет пат годинава Охридското езеро беше порибено со подмладок јагула.30.000 млади здрави јагули деновиве беа пуштени во водите на езерото на повеќе локации Радожда, Калишта, Струга, Сатеска, Андон Дуков и Охрид.
Продолжува традицијата долга повеќе од 50 години, порибување на Охридското Езеро со подмладок од јагула, поради попречувањето на патот за природен мрест до Саргасовото море, заради изградба на електраните.
-Со тоа АД ЕЛЕМ, како и секогаш во минатото од далечната 1965 година се грижи за животната средина. Некогаш имал и строга обврска да го врши порибувањето, денес и не е така строга бидејки патот на јагулата денес е попречен и од неколку електрани во Р Албанија, но ние како компанија се декларираме дека секогаш ке вложуваме во унапредување на животната средина, истакна директорот на ХЕС „Црн Дрим“ Тони Маркоски.
Прекинот во порибувањето, кое АДА ЕЛЕМ го правеше на секои две години се случи поради ЕУ регулативи за влез и излез на јагулата што се одрази врз фондот на овој вид риба, но за да се надмине недостатокот годинава трипати се пушти подмладок во водите на Охридското Езеро.
-Важно е што рибата е здрава. Набавена е од Р. Грција, проверена е автентичноста и автохтоноста на типот, нема паразити и го помина периодот на карантин. Рибата е здрава со надзор на ветеринарна управа, истакна Маркоски.
Охридското Езеро годинава беше порибено со околу 2.800 килограми или околу 90.000 парчиња млада јагула. Следното порибување се предвидува за две години.30.000 млади здрави јагули деновиве беа пуштени во водите на езерото на повеќе локации Радожда, Калишта, Струга, Сатеска, Андон Дуков и Охрид.