Проектот „Рурални развојни зони“ на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја намали невработеноста и ќе придонесе за подинамичен локален економски развој. Суштината на проектот е преку даночни и други ослободувања, но и преку директна финансиска помош да се поттикнат луѓето да отворат сопствен бизнис во руралните места. Се проценува дека ќе се опфатат околу 1.600 населени места.Владејачката партија влегува со повеќе мерки и активности во остварување на својата цел – отворање на 70 илјади нови работни места и намалување на стапката на невработеност под 18 проценти.
„Преку проектот „Рурални развојни зони“ ќе се овозможи намалување на невработеноста во руралните подрачја, што е една од мерките предвидени со новата програма на ВМРО-ДПМНЕ. Исто така, во фокусот на програмата се и домувањето, инфраструктурата, силна поддршка за земјоделството во вид на субвенции. Предвидуваме 600 милиони евра субвенции, зголемување на субвенциите за 60 проценти за набавка на трактор, механизација, опрема, за подигање насади. Во програмата е предвидено доделување неповратни средства во висина од 10 илјади евра за младите земјоделци кои влегуваат во земјоделски бизнис“ – вели лидерот на владејачката партија, Никола Груевски.
Како ќе функционираат планираните рурални зони?
Преку проектот „Рурални развојни зони“ ќе се поддржат инвестиции во индустриски капацитети, откупно-дистрибутивни центри, во хотели со минимум 20 соби, пензионерски домови, спа-центри, болници и спортско-рекреативни центри.
Државата ќе го стимулира бизнисот во овие зони преку цела лепеза активности и финансиски поволности. Оние кои ќе се решат за ваква инвестиција за период од 10 години ќе бидат ослободени од данок на добивка, како и ослободени од персонален данок на доход за вработените (ослободувањето се однесува за висина на личниот доход до 3 просечни плати за лица со основно и средно образование и до 5 просечни плати за лица со високо образование). Инвеститорите ќе бидат ослободени од плаќање социјални придонеси во висина од 50 проценти за период од 10 години. Во насока на отворање работни места, предвидена е брза трансформација на земјоделското во градежно земјиште за приватни парцели, а вложувачот ќе биде ослободен од надомест за уредување на градежното земјиште. Се оди со веќе проверениот рецепт – државното неизградено градежно земјиште се продава по почетна цена од 1 евро од квадратен метар.
Помош и до половина милион евра!
Освен даночните ослободувања и погодностите околу земјиштето, државата ќе интервенира и преку директна финансиска поддршка, што сугерира дека ќе има голема заинтересираност за проектот. Предвидена е финансиска инјекција при изградбата на новиот објект во износ од 20 проценти од вредноста на инвестицијата, а поддршката може да достигне и до 500 илјади евра по инвестиција.
Државата ќе помогне и околу опремата и работниците. Предвидено е ослободување од царина и ДДВ за увезената опрема, како и обезбедување обука за вработените или нивна преквалификација од страна на Агенцијата за вработување, како и грантови од по 2.000 евра за невработено лице, кое повеќе од 6 месеци фигурира во евиденцијата на невработени на АВРМ, и грантови од по 4.000 евра за вработување стечаец.
Сепак, инвеститорите ќе имаат обврска најмалку 80 проценти од вработените да бидат нововработени преку АВРМ, луѓе кои подолго од шест месеци се водат како невработени.
Ослободување од давачки за приклучок на струја до моќност од 50 киловати, изградба на основна инфраструктура, изработка на урбанистичко -планска документација, осигурување на објектот од пожар се само дел од низата погодности за инвеститорите.
Предвидени се контролни механизми
„Преку проектот ќе се поттикне економскиот и општествениот развој во руралните средини и ќе се придонесе кон спречување на миграцијата од село во град, преку креирање нови работни места и зголемување на економската активност во руралните подрачја“ – стои во програмата „Реално“ на владејачката партија.
Но, за да нема злоупотреби на целиот концепт се предвидени контролни механизми.
Па така, нема да се потпишат договори со компании што ќе го преселат производството, ниту со правни лица кои се капитално и роднински поврзани со други правни лица што сакаат да го префрлат бизнисот од место што не е замислено да биде рурална развојна зона.
Овие зони ќе се дозволат само во населени места кои се наоѓаат на листата на рурални подрачја, седишта на општини со помалку од 10 илјади жители, додека од населените места во Скопје ќе бидат опфатени само оние што се оддалечени повеќе од 5 километри од седиштето на општината.
Мерки за враќање на животот на село
Земјоделците играат важна улога во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ. Предвидени се субвенции од 600 милиони евра, 35 милиони евра годишно за набавка на опрема и на механизација, поддршка преку мерката 50-50, финансиска поддршка преку покривање 80% од трошоците за воведување на системот „капка по капка“; субвенционирани земјоделски кредити, 60% кофинансирање на земјоделското осигурување.
„Со цел овозможување на подобрени услови за кредитирање на инвестициите кои се финансирани преку програмата ИПАРД, ќе се субвенционира до 50% од каматата за кредитите пласирани преку комерцијалните банки кои имаат каматна стапка од најмногу 8%. Со поголем износ од дури 80% ќе се субвенционира каматата на кредитите наменети за инвестиции реализирани од млад земјоделец и инвестициите за поставување на систем капка по капка“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Продолжува и проектот „Од град во село за нов почеток“, преку кој се покрива трошокот за купување, реновирање или градба на куќа до најмногу 6.000 евра, се дава месечна помош од 15 илјади денари во период од 18 месеци, бесплатно користење на државно земјоделско земјиште до 3 хектари или бесплатна концесија на пасиште, како и користење на другите поволности за реализирање земјоделски инвестиции.
„Ова е еден комплексен проект во кој што гледаме некои нови субјекти, нови земјоделци да влезат во секторот земјоделство. И другите политики кои сигурно се комплементарни, социо-економскиот дел на мерките кои што ги гради државата, сигурно дека ќе придонесат за натамошен развој на руралните средини, а посебно за развој на селските средини“ – објаснува деканот на Земјоделскиот факултет, Драги Димитриевски.Владејачката партија влегува со повеќе мерки и активности во остварување на својата цел – отворање на 70 илјади нови работни места и намалува