Се запрашавте ли за кого треба да гласате, и што тие луѓе за кои ќе гласате можат да направат и да понудат на сопствениот народ за сопствената држава?Тука е одговорот…
На овие избори носиш 2 важни одлуки…
Првата е одлука за тебе, за твоето семејство, за тоа кој има остварливи решенија на твоите проблеми, на кого можеш да се потпреш, за развиена економија, за работни места, за напредок во сите области за живеење.
ВМРО-ДПМНЕ има најголема и најобемна програма до сега со најобемни проекти
Нови 600 милиони евра за земјоделството, 100 000 милиони за домашните компании со ниска камата до 5 ипол % годишно, реконструирани повеќе од 140 училишта, и изградени најмалку 78 нови спортски сали.
Проекти кои се однесуваат на 4 ИЕ. Во делот на енергетиката ќе се изградат магистралните гасоводи, ќе се изгради и вториот дел од ветерниот парк во Богданци со инвестиција од 21 милиони евра, што ќе обезбеди нови 36 гигават часови електрична енергија.
Bo 2017 ќе започне експлоатација на Рудникот за бaкар Казандол со вложени 32 милиони евра каде ќе се отворат нови 260 работни места. Рудникот за бакар злато и сребро Иловица вреден 500 милиони евра ќе вработи 500 нови работници како директни, и уште многу индиректни вработувања.
Ќе се заврши изградбата на автопатот Демир капија – Смоквица, и ќе се обноват уште автопати, ќе заврши градбата на новите експресни патишта со 4 ленти, и реконструкција на многу регионални и локални патишта.
Предвидени се 33 милиони евра за набавка на над 3700 апарати и медицинска опрема во здравството.
Во Агро пазарот Македонија ќе бидат застапени складишни центри трговски центри и ќе овозможи амортизација на ценовните шокови во периодот на пазарни вишоци и преку него ќе се достигнат конкурентни и реални пазарни цени и заслужен износ на надокнадата за земјоделците. Инвестиции во системот за наводнување, нови откупно дистрибутивни центри за зеленчук и овошје….
Предвидени се нови 27 градинки во општини од 4ИЕ. Најмалку 14 нови спортски сали, 33 игралишта за баскет, 14 училишта од кои 4 во Струмица.
Во Прилеп реконструкција на спортскиот Маркови Кули и спортската сала Македонија. Во Струмица затворен пливачки базен со ватерполо димензии и 2 повеќенаменски игралишта, а Гевгелија нова спортска сала.
Ова се само дел од многуте проекти од програмата која е реална и обезбедува работа напредок и сигурност.
Втората одлука која ќе ја донесеш на 11 Декември е одлуката за Македонија, за силна суверена Македонија која ќе оди напред.
Ова е избор помеѓу 2 алтернативи. Знаеш што е подобро. За тебе, за Македонија.
Тука е одговорот…
На овие избори носиш 2 важни одлуки…
Првата е одлука за тебе, за твоето семејство,



